Ако се сеќавате на зашеќерените црвени јаболка од детството – еве рецепт како да ги направите за 15 мин

Вкусни, омилени зашеќерени јаболчиња…

Потребни состојки:

10 помали јаболка
1 кг шеќер
10 стапчиња со должина од 20 см
црвена боја за колачи

Постапка:

1.Јаболката добро измијте ги, отстранете им ги дршките, а на истото место прободете го стапчето.

Loading...

2.На умерена температура карамелизирајте го шеќерот додека да добие бледо жолтеникава боја.

3.Додадете ја црвената боја за колачи и тргнете го садот од оган.

4.Натопувајте ги јаболката во добиениот шеќерен сируп и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

5.Потребно е неколку пати да ги натопите јаболката за да се добие доволно дебела глазура.

6.Доколку не е можно веќе да ги натопувате јаболката, тогаш прелијте ги со остатокот од шеќерниот сируп.

Loading...