Фото и рецепт: Билјана Николиќ

Потребни состојки:

За мерка се користи јогуртна чаша од 180 г или 200 мл

1+ ½ чаша вода
1 чаша шеќер
2 ½ чаша брашно
8 лажици џем (било кој)
2 лажици мед
2 лажици масло
1 лажичка цимет
1 лажичка сода бикарбона
1 прашок за печиво
1 лажичка мелено каранфилче
100 г посно чоколадо за готвење
малку растителен маргарин

Постапка:

1.Сите состојки измешајте ги, освен чоколадото и маргаринот.

2.Добиената смеса излејте ја во плех и обложен со хартија.

3.Ставете да се пече на 200 степени околу половина час. Проверете со чепкалка дали е печено.

4.Извадете го печениот колач и додека е врел премачкајте го со 2 лажици мед. Ако е низок колачот (зависи од величината на плехот) можете да го пресечете на половина и да ги преклопите двете половини една врз друга.

5.Растопете го чоколадото со една мала коцка маргарин и малку масло, па кога чоколадото ќе се олади, прелијте го со чоколадната глазура.

Фото и рецепт: Билјана Николиќ