Посна проја со пиво, многу добар рецепт!

Еднаш кога ќе ја пробате, постојано ќе ја приготвувате на овој начин.

Потребни состојки:

4 чаша пченкарно брашно
4 чаша пченично брашно
1 прашок за печиво
1-2 чаша масло
3 чаша газирана вода
1 чаша пиво
сол по вкус
100 г маслинки
2-3 лажици сусам + за наросување одозгора (може и семки по вкус).

Постапка:

Рерната веднаш вклучете ја на 200 степени да се загрева додека се приготвува тестото. Брашното просејте го заедно со прашокот за печиво и измешајте го со пченкарното брашно. Додадете сол околу една лажица, две-три лажици сусам и ситно исечкани маслинки.

Во оваа смеса додадете една чаша масло, една чаша пиво и три чаши газирана вода. Убаво со лажица или шпатула промешајте ја смесата која по густина е полутечна.

Вака приготвената смеса се излева во огноотпорен сад обложен со хартија и ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу 40-45 минути. Печената проја оставете ја малку да излади, па исечете ја и послужете.

Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото:

Loading...