Бронхијална астма и неможност да се издише воздухот од гради: природно лекување

БРОНХИЈАЛНАТА АСТМА е честа болест. Астмата не е проблем со вдишувањето, туку со издишувањето.

Во текот на нападот на астма, стегањето на мускулите и бронхијалните ткива кои отекуваат ги стиснуваат ситните дишни патишта во белите дробови, кои потоа се затнуваат со прекумерна слуз.

СИМПТОМИ:

-немир или несоница
-се’ посилно, но релативно безболно стегање во градите
-мала до умерена задишаност
-грчење или шушкање, свиркање при дишењето, што може да се движи од слабо до сосема гласно
-кашлица, понекогаш придружена со слуз

Застојаниот воздух останува заробен на дното на белите дробови, со што болниот е принуден да го употреби горниот дел од белите дробови за со голема мака да го вдиши воздухот.

Астматичниот напад почнува нагло, најчесто ноќе 2-3 часа по легнувањето, со силна издишна брадипнеа: околу 10 дишења на минута со кратко вдишување, продолжено, мачно, изморливо и свирливо издишување. Болниот седи в кревет со напнати лице и шија, зацрвенети очи.

Градниот кош е неподвижен, во положба на насилно издишување, а лекарот ќе открие звучен тон и свирливи бронхитични ’ркалки.

Настапот трае 2-3 часа, завршува со спастична кашлица, обилна слузава и леплива плуканица, која понекогаш содржи слузави светли бисеровидни зрнца.

ПРИЧИНИТЕЛИ:

За заболување од астма нема една причина; поточно, нападите може да ги предизвикаат низа различни фактори кои дејствуваат одвоено или во комбинација.

Алергиите се основниот причинител. Меѓу 50 и 90% од астматичарите боледуваат од алергии.

*Најчестите алергени, или материи кои предизвикуваат алергии, се поленот, тревата, правот, мувлата, тутунскиот чад и честичките од изумрена кожа и плунка од животинско потекло (влакна и пердуви од домашни миленичиња).

Кога ќе се вдишат, овие материи можат да предизвикаат ослободување на хистаминот и другите хемиски материи во организмот, што предизвикува алергиска реакција и напади на астма.

*Другите алергени вклучуваат хемиски испарувања; ацетилсалицилната киселина или нејзините состави, како што е фенилбутазон, индометацин, ибупрофен и други нестероидни лекови против воспаленија; и сулфиди, чиишто високи концентрации се наоѓаат во некои видови храна и течности.

*Уште еден важен фактор кај астмата сврзана со алергиите е наследноста: научниците откриле ген кој, по се’ изгледа, ги прави луѓето чувствителни на оваа болест.

*Инфекциите на белите дробови, исто така, можат да предизвикаат астма. Бронхиолитис, вирусна инфекција на дишните патишта од која вообичаено заболуваат двегодишните или уште помалите деца, е честа причина за астма кај деца.

Кај возрасните астмата може да се развие како последица на инфекции на горните дишни патишта, како бронхитисот.

*Меѓу другите предизвикувачи на астмата се вбројуваат физичките напори, емоционалниот стрес и некои стресови од околината, како што е загадениот воздух.

ЛЕКУВАЊЕ

Ако имате астма, мора редовно да одите на лекар; кај потешките напади секогаш е неопходно конвенционалното медицинско лекување. Низа алтернативни начини на лекување можат да помогнат кога се користат заедно со конвенционалниот облик на лекување.

КОНВЕНЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА

По дијагностицирањето на астмата првиот чекор би морал да биде договорот со лекарот за планот за лекување.

Како дел од тој план, лекарот можеби, ќе побара секојдневно да водите дневник, бележејќи ги факторите од околината и емоционалните фактори кои ги предизвикуваат нападите на астма.

Тоа не само што ќе му помогне на лекарот да ја следи болеста, туку ќе ви помогне и вам да го препознаете и да го избегнувате тоа што ја предизвикува астмата.

За медицинско лекување на астмата лекарите воопшто препишуваат бронходилататори, лекови со чија помош стеснатите дишни патишта во белите дробови се прошируваат.

Во потешки случаи можат да се препишат и кортикостероиди, но лекарот мора многу внимателно да го следи ова лекување поради придружните дејства.

АРОМАТЕРАПИЈА

Со помош на етеричните масла, како што е маслото од евкалиптус, изоп, лаванда, бор и рузмарин може да го олесни дишењето и да се ублажи назалната конгестија.

-ако вдишете низ нос неколку капки од едно од овие масла капнати на марамче, можете да го олесните дишењето кај лесните напади на астма.
-Ако ви е затнат носот, вдишувајте мирисна пареа подготвена од некое од овие масла.

КИНЕСКИ БИЛКИ

Кинеската билка ефедра е делотворен бронходилататор. Направете чај, комбинирајќи
5 г ефедра,
4 г стапчиња цимет,
1,5 г сладок корен и
5 г семки од кајсија.
Потопете ја смесата во студена вода, а потоа ставете ја да проврие. Чајот пијте го топол.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

Со помош на оман (Inula helenium), корен кој дејствува смирувачки, можете да го исчистите организмот од прекумерна слуз. За подготовка на чајот:

1 лажичка иситнет корен, додајте полна чаша студена вода; пуштете да отстои 10 часа, потоа процедете и пијте ја течноста топла трипати на ден. Чајот од лопен ( Verbascum thapsus) се препорачува за смирување на слузницата, особено во текот на ноќните напади.

Постојат многу природни препарати кои помагаат за различни здравствени состојби. Прочитајте го рецептот за овој домашен лек кој лесно и едноставно се приготвува.

Неговото поле на делување е навистина широко а неговите лековити својства успешно помагаат за елиминирање на повеќе болести.

Овој лековит напиток е наречен „млеко од лук“ бидејќи се приготвува од топло млеко и лук.

Потребни состојки:

500 мл млеко
10 чешниња лук
2-3 мали лажици шеќер
250 мл вода

Постапка:

Измешајте ги млекото и водата во едно тенџере. Ставете го и излупениот и исечкан лук, па ставете на оган, на умерена температура.

Полека нека се готви додека да испари половина од течноста. Потоа процедете и додадете шеќер. Најдобро е да се пие додека е топло.

УПОТРЕБА:

Еве за што се’ може да ви помогне овој лековит напиток:

Астма – Симптомите од астма значително ќе се ублажат доколку покрај овој напиток, секоја вечер изедете и три чешниња лук. Користете помали чешниња кои можете цели да ги проголтате за да ја одбегнете миризбата. Но многу ќе помогне ако и само го консумирате овој пијалак трипати дневно.

Пневмонија – напитокот се покажал многу успешен во лекувањето на пневмонија: трипати дневно, пред јадење.

Срцеви проблеми – овој напиток го намалува лошиот холестерол, спречува згрутчување на крвта и го подобрува циркулаторниот систем. Користете млеко со ниска масленоста за да биде лекот поефикасен.

Лекување Жолтица – Млекото со лук многу успешно ги елиминира токсините од организмот бидејќи ги активира ензимит на црниот дроб. За детоксикација на црниот дроб му е потребен сулфур, а лукот е одличен извор на оваа материја.

Покрај тоа, содржи алицин и селен, го подобрува производството на жолчката и ги намалува мастите. Особено се препорачува за лекување на замастен црн дроб. За лекување на жолтица треба да се консумира трипати дневно, 4-5 дена редовно.

Артритис – млекото со лук ако се консумира на дневна основа – значително ќе се намалат симптомите на артритис, вклучително воспалението и болката.

Несоница – поради своите смиувачки ефекти, овој напиток овозможува мирен и квалитетн сон, па може да се користи за третирање на инсомнија.

Кашлица – Во млекото од лук додадете едно лажиче куркума во прав, па ќе добиете одличен антибиотски напиток. Лукот има антибактериски ефекти а со додавање на мед, добивате комплетен пијалак за ослободување од кашлицата.

Туберкулоза на белите дробови – Користете 1 кг лук, 250 мл млеко и 1 литар вода. Сварете ги сите состојки на умерена температура додека да испари течноста и остане само една четвртина. Консумирајте го овој лек трипати дневно.

Холестерол – холестеролот успешно се намалува доколку се пие трипати дневно во текот на една седмица. Ефекти: се намалува нивото на лошиот а се зголемува нивото на добриот холестерол.

Дигестивно здравје – Кога станува збор за зајакнување на имунолошкиот систем и одржување на дигестивното здравје, лукот е еден од најефикасните намирници бидејќи поседува моќни антисептички својства.

Исто така, многу е корисен за лимфата, за елиминирање на на токсичниот отпад од телото. Лукот го поттикнува лачењето на дигестивните сокови и помага при цревни болести (дијареа).

Еректилна дисфункција – млекото со лук може да ја излекува состојба, а исто така помага и при некои видови неплодност и кај мажите и кај жените.

Ишијас – Млекото со лук е ефикасен лек за нервни болки и ишијас. Можете да ги намалите болките со консумирање на овој напиток, во текот на извесен период.

Loading...