Фото и рецепт: Габриела Миленкоска – Посна погача со газоза сок.

Рецептот за оваа мирисна и многу вкусна посна погача ни го претстави нашата драга членка Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

2 филџани од “елит” или “браво” газоза
2 филџани шеќер
½ филцан масло
3 филцани брашно
½ прашок за печиво

Постапка:

Најпрво се соединуваат сувите состојки: Во подлабок сад се мешаат брашното и прашокот за печиво, па се додава шеќерот и на крај сокот и маслото.

Смесата се мати со маталка додека да се изедначат состојките. Се излева во претходно намастен и наросен со брашно калап со помала величина (или обложен со хартија).

Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. По желба пред печењето одозгора може да се нароси со сусам.

Откако ќе излади, по желба може да се нароси со шеќер во прав. Оваа доза може да се удвои за во калап од 32 см.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска