Погача во листови: Сум правела доста лиснати погачи, но ниедна не е како оваа – ќе уживате во секој залак

Фото и рецепт на Верица Николиќ – Погача во листови.

Прекрасна погача во која ќе уживате со секој залак. Сум правела доста лиснати погачи, но ниедна не е како оваа. Секој лист се одвојува, кората е крцкава, со опојниот мирис на путер…

Потребни состојки:

500 г брашно Т-400 + 40 г брашно
200 мл топло млеко
100 мл топла вода
80 мл јогурт
1 белка
1 лажица сок од лимон
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона

За премачкување на погачата:

1 жолчка
1 лажица млеко
1 лажичка масло

Постапка:

Јогуртот ставете го во подлабока чаша, додадете сода бикарбона, помешајте и оставете содата да се активира. Во длабок сад за месење ставете го брашното, додадете шеќер, сол и прашок за печиво. Промешајте.

Во средната од брашното направете вдлабнување, па ставете сок од лимон, млеко, вода, додадете белка и јогурт со активирана сода. На работната површина ставете една чаша со малку масло кое ќе ви биде потребно за доработување на тестото.

Замесете го тестото. Додавајте постепено уште 40 г брашно и замесете го (тестото и натаму ќе биде лепливо, но такво треба да биде).

Намастете ја раката и обликувајте го тестото во топка. Подигнете го и со масло намастете го и дното и страните на садот. Спуштете го тестото, прекријте го садот со проѕирна фолија или кеса, па оставете го да одмори 10 минути.

Потоа префрлете го на набрашнета подлога, издолжете го со рацете во облик на валјак и поделете го на 8 еднакви делови. Од секој дел обликувајте топче. Вака формираните топчиња од тесто покријте ги со фолија и оставете ги да одморат 20 минути за подобро да се развлекуваат.

За тоа време на тивок оган растопете 80 г путер и 40 мл масло. Земете го првото топче и на набрашнета површина развлечете го во кора (круг со величина од 20 см).

Кората премачкјате ја со две лажици од растопената маснотија (која цело време треба да се одржува на топло). Развлечете ја втората кора и ставете ја преку премачканата кора. И неа премачкјате ја со две лажици маснотија. Постапката повторете ја и со останатите теста, со тоа што последната кора не се премачкува. Вака премачканите кори оставете ги да одморат 15 минути.

Потоа на набрашнета површина со оклагија развлечете круг со величина од 50 см, без премногу притискање. Премачкјате ја кората преку цела површина со 3-4 лажици маснотија, па свиткајте го во ролат. Ролатот потоа свиткајте го во облик на полжав, ставете го во намастен сад, прекријте го со фолија и оставете го во фрижидер половина час.

Тепсија со величина од 30 см намастете ја со путер. Исцртајте круг врз хартија за печење според величината на тепсијата, за да се ориентирате кога ќе го развлекувате тестото.

Извадете го тестото од фрижидер, ставете го врз исцртаната хартија и со оклагија развлечете го со величина на обележаниот круг. Заедно со хартијата префлете го тестото во намастената тепсија. Ако е потребно уште малку со раката дополнете го дното на тепсијата.

Одозгора премачкајте ја погачата со разматена жолчка, млеко и масло. Може да ја ишарате со виљушка правејќи концентрични кругови. Рерната загрејте ја на 200 степени, па ставете ја погачата да се пече додека да добие убава румена боја.

Печената погача префрлете ја на кујнска крпа и завиткајте ја додека да подизлади. Потоа погачата искршете ја и уживајте во прекрасниот вкус. Оваа погача може да се направи навечер, да се прекрие со проѕирна фолија и да се остави во фрижидер. Следниот ден само премачкајте ја со жолчка и испечете ја.

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Loading...