ПОСНА ПОГАЧА…Се прави со добра мисла за здравје, успех и бериќет на домаќинството…
Рецепт на Гали Димитрова. Според некои верувања посната погача треба да се прави со сода бикарбона, но јас секој година ја правам со квасец.
Украсите рачно ги правам од брашно и сол и секогаш во духот на традицијата, со позитивна, добра мисла, за здравје и бериќет на целото домаќинство. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1/2 коцка свеж квасец
1 лажица сол
2 лажици шеќер
5 лажици масло
1 лажица оцет
1 и 1/2 чаша топла вода (околу 300 мл)
брашно околу 700 г
ПОСТАПКА:
Најпрво растворете го квасецот во топла вода со шеќер и малку брашно. Откако ќе запени и ќе се активира за 10-тина минути, додајте малку масло, оцетот, остатокот од топлата вода и со постепено додавање на брашното замесете меко тесто.
Завршете со остатокот од маслото. Оставете го покриено да ферментира додека убаво да го удвои волуменот.
Потоа поделете го на топки, наредете го во садот во кој ќе се пече (обложен со хартија за печење) и оставете повторно да фермнетира додека да зголеми волуменот.
Додека стасува подгответе тврдо тесто замесено од брашно и сол, приближно 50:50 и малку вода. Обликувајте ги украсите и ставете ги непосредно пред печењето. Погачата печете ја во загреана рерна на 170 степени околу 45 минути.
СВЕЧЕНА ПОСНА ПОГАЧА: Една состојка ја прави уште помека и повкусна