“Бобова пифтија” – Традиционално посно славско јадење со запршка од црвен пипер

Фото и рецепт: Ирена Златковиќ – “Бобан” – посно славско јадење.

Бобовите пифтии се служат како предјадење со разни салати, риба, посни сарми и слично. Од целата постапка најмногу време одзема чистењето на бобот, но сега може да се најде во продавниците за здрава храна сув и исчистен, со што постапката е многу полесна и побрза. Првиот рецепт е како се приготвува со свеж боб, а вториот рецепт со сув боб.

Боб им припаѓа на мешунките и спаѓа во високо нутривни намирници, но денес е малку заборавена. Оваа мешунка изобулува со бројни нутриенти и претставува одлично дополнување во исхраната, особено ако ви здодеал гравот.

Потребни состојки: Грав, сол, сув зачин, малку лук, малку масло, црвен пипер во прав

Постапка: Гравот измијте го и ставете го во еден сад, а потоа прелијте го со врела вода. Оставете да стои на топло додека да набубри и речиси да се удвои. Потоа излупете го, измијте го и ставете го да се вари. Треба да се меша додека се вари. Кога гравот е сварен процедете го, но сочувајте ја водата, можеби ќе ви биде потребна за подоцна.

Додадете сол, сув зачин, малку масло и сечкано бело лукче по вкус. Ставете го во блендер или рачно испасирајте го. Ако ви делува дека е многу густо, тогаш додадете од водата во која се вареше.

Смесата излејте ја во чинии и оставете на ладно да се стегне, а на страна пригответе запршка од масло и црвен пипер. Смесата засечете ја на коцки и прелијте ја со запршката.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

500 г боб
1 помала главица кромид
сол, малку масло
2 лажички алева пиперка

Постапка:

Оваа количина е доволна за две добри длабоки чинии. Измијте го бобот, прелијте го со ладна вода навечер, а следниот ден ќе биде набубрен. Налијте го со вода, два прста над него, додадете сол и ставете на оган да се вари додека да омекне. Кога е варен испасирајте го или изблендирајте го.

Додадете му ситно сечкан лук и посолете го по вкус. Излијте го во длабоки чинии, оставете го на ладно да се стегне и олади. Во тава загрејте малку масло, додадете алева пиперка измешјате и веднаш тргнете од оган, па прелијте преку ладните пифтии. Исечете на коцки и послужете.

Coolinarika.com

Loading...