Посна пита што ги освои сите гости…Сочна и многу вкусна!
Оваа пита е вистински хит за посни слави или семејни собири – брза, вкусна и мека, со прелив од пиво што ја прави сочна и посебна, пишува НМД.
Се топи во уста, а гостите секогаш бараат уште едно парче и рецепт! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 500 г кори за пита
– 2 главици кромид
– 2-3 компири
– 80 г соини трошки
– 400-500 г свежи шампињони
– За прелив: 100 мл масло, 250 мл пиво
– За наросување (по желба): сусам, посен кашкавал
Постапката опишана во детали со фотографии и видеопрезентација можете да ја прочитате ОВДЕ:
Оваа пита со пиво беше хит на мојата посна слава, сите сакаа уште по едно парче и побараа рецепт
1. Соините трошки потопете ги во топла вода 15 минути, па исцедете ги.
2. Ситно исечкајте го кромидот, изрендајте го компирот, па заедно пропржете ги на малку масло. Додајте ги сојата и ситно сечканите печурки, па динстајте додека течноста да испари.
3. Редете ги корите во намастен плех, филувајте со смесата меѓу секоја кора, а последната оставете ја празна.
4. Исечете ја питата на коцки, прелијте ја со мешавина од пиво и масло, па печете на 200°C околу 20-30 минути. На половина од печењето наросете со сусам и посен кашкавал, ако сакате.
5. Оставете малку да подизлади, исечете по засеците и послужете. Уживајте!