Поздрав драги пријатели, почитувани домаќинки и домаќини. Еве еден рецепт за оние кои постат, а ова е пита која може да се јаде и во денови на пост со вода. Многу е вкусна иако се приготвува без капка масло. Потребни се ориз и печурки кои во комбинација даваат одличен вкус.

Едноставно е неодолива. Малкумина може да забележат дека всушност питата е посна и дека нема масло. Преполна е со фил, сочна е, заситна…пробајте ја, ќе ве воодушеви. Може да замени комплетен оброк! – Валентина Машковиќ.

Потребни состојки: 500 г готови кори за пита, 500 мл доматен сос, 2 страка млад лук лук, 10-тина страка млад кромид со зелени перца (2 врзопа), 800 г шампињони печирки, 2 филџани ориз (сварен во обична вода). Зачини: сол, црн пипер, сув босилек или по ваш вкус

Потребни состојки:
оризот (2 филџани) сварете го во вода, процедете го и оставете го да се олади
во голема тава на оган ставете доматен сос колку да се покрие дното
две млади лукчиња исечкајте ги ситно
младиот кромид исто така исечкајте го ситно и додајте го во тавата

Постапка: Две шолји (за кафе) ориз сварете ги во обична вода и процедете, па оставете да излади. Во тава на оган излејте доматен сос колку да се прекрие дното. Лукчето исечкајте го ситно и додајте го во доматниот сос. Оставете на тивок оган полека да се издинста.

по потреба додавајте по малку доматен сос додека зеленчукот се динста на тивок оган
печурките исечкајте ги на тенки ленти или ситни коцки

За тоа време ситно исечкајте го младиот кромид, па и него додајте го во доматниот сос. Налијте уште малку доматен сос, а потоа исечкајте ги печурките. По потреба долејте уште малку доматен сос и додајте ги исечканите 800 г шампињони печурки.

додајте ги во останатиот зеленчук и оставете ги на тивко да се зготват

Самите печурки содржат голема количина на вода, па при готвењето тие ќе ја испуштат и барем на почетокот нема да има потреба потреба од долевање на вода. Оставете смесата полека да крчка додека зеленчукот да се зготви и омекне. Повремено промешувајте.

повремено промешувајте и додавајте доматен сок
кога зелечнукот целосно ќе омекне, намалете ја температурата
додајте го варениот ориз
зачинете со сол по вкус
додајте црн пипер, сув босилек или зачини по вкус
промешајте и оставете смесата да се олади

Пред крајот додајте го сварениот ориз, намалете ја температура и додајте ги зачините: една ипол лажичка сол или по вкус, половина лажичка сув босилек и половина лажичка црн пипер во прав. Промешајте за да се соедини со смесата и оставете една минута за да се растопат зачините.

тепсијата премачкјате ја со малку доматен сос
обложете ја со хартија за печење
и хартијата премачкајте ја со доматен сос

Готовата смеса-фил оставете ја да се олади. Тепсијата во која ќе ја печете питата малку премачкајте ја со доматен сос и залепете претходно исечена хартија за печење. Врз хартијата исто така, наросете малку доматен сос, па отворете ги корите. На самото дно поставете една кора.

поставете една кора на дното и наросете ја со доматен сос
поставете втора кора, па и неа наросете ја со доматен сос
рамномерно филувајте

Кората испрскајте ја малку сос. Растресено поставете ја втората кора па и неа испрскајте ја со доматен сос. Врз втората кора нанесете неколку лажици фил. Рамномерно распоредете. Постапката на редење по две кори и фил продолжете ја додека имате материјал.

постапката продолжете ја додека да го потрошите материјалот
последната кора убаво потпикнете ја под питата

На крај убаво завиткајте ја питата со последната кора и потпикнете ги краевите внатре во хартијата. Одозгора премачкајте ја со доматен сос, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Питата ставете ја да се пече дури кога рерната убаво ќе биде загреана.

вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени
одозгора премачкајте ја со доматен сос
печената пита додека е топла премачкјате ја со малку доматен сос и оставете да се подизлади

Внимавајте да не ви загори одозгора, па затоа спуштете ја да се пече некаде на средината од рерната. За да се испече убаво ќе и бидат потребни околу 25-30 минути. Печената пита извадете ја од рерна и оставете ја малку да се подизлади, па послужете ја. Деталите можете да ги погледнете ОВДЕ.

уживајте во вкусот…