I РЕЦЕПТ: Се приготвува многу едноставно, единствено што тестото мора да се приготви еден ден претходно. Со самото стоење тестото на некој начин ферментира, сите состојки се соеиднуваат и се мешаат вкусотвите, а кога ќе се испечи следниот ден станува многу меко, сочно и вкусно. Навистина вреди да се направи, особено во посните денови.

Потребни состојки: 100 г мед, 1 лажичка сода бикарбона, 250 г брашно, 300 г шеќер
малку маргарин, 250 г мелени ореви и 1 ванилин шеќер. За глазура: 3 лажици ладна вода, 180 г ванилин шеќер (шеќер кој отстојал со рендана мешунка ванила, или на обичен шеќер во прав додајте му лажичка екстракт од ванила.

Може да приготвите и чоколадна глазура: парче маргарин, 100 г посно чоколадо и 100 мл вода.

Постапка: тортата се прави многу едноставно, но тестото мора да се замеси ден претходно. Спојте ги кристалниот шеќер, медот и ванилиниот шеќер со 200 мл вода, ставете ги во тенџере на оган и мешајте додека да се растопат и соединат во сируп. Изладете го добиениот сируп и додајте брашно, мелени ореви и сода бикарбона. Соединете го тестото и оставете го покриено со фолија да отстои во фрижидер преку цела ноќ.

Следниот ден, пренесете го тестото во калап за торти или плех со средна величина намастен со маргарин и наросен со брашно, па испечете го во загреана рерна на 180 степени додека да почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Врз тортата ставете ја глазурата: измешајте 180 г ванилин шеќер со многу малку ладна вода додека не стане бела и прелејте ја тортата.

растопете го чоколадото во сјајна глазура

За чоколадна глазура растопете 100 г чоколадо со 100 мл вода додека да добиете изедначена смеса, па пред крајот додајте една супена лажица путер. Промешајте додека да добиете мазна и сјајна глазура, па прелијте ја преку колачот. Исто така, по желба можете обилно да ја наросите со мелени ореви или мелени посни кекси.

II РЕЦЕПТ: Посна медена торта со варена пченица, ореви и пиво

Необична, но многу вкусна посна торта со мед. Оваа торта е одлична за период на пости, но вкусна и здрава е да се јаде и кога не постите. Изобилува со диетални влакна и нутриенти кои ќе ви дадат енергија за целиот ден. Имајте во предвид дека иако е здрава, сепак е калорична, можеби помалку од класичните торти со маргарини и масти, но сепак, треба да се воздржите и да не ја изедете цела одеднаш.

Потребни состојки: 150 г сварена пченица или друга житарица, 350 г ореви, 500 г шеќер (200 г+300 г), 375 г брашно, 250 г мед, 250 мл пиво, 2 ванилин шеќер, 1 кесичка сода бикарбона или прашок за печиво и малку мускатно оревче.

Постапка: Измешајте 250 г мед со 250 мл пиво и мешајте додека да се раствори. Потоа додадете 200 г шеќер и брашно помешано со сода бикарбона. Смесата добро измешајте ја додека да се изедначи, а потоа поделете ја на 4 еднакви еднакви делови.

Од секој дел испечете кора во калап за торти (~26 см). Калапот претходно намастете го и набрашнете го или обложете го со хартија, а корите печете во загреана рерна на 180 степени (проверете со чепкалка кога се готови).

За фил: Кратко сварете 300 г шеќер со чаша вода (200-250 мл). Сирупот тргнете го од рингла, додадете 300 г мелени ореви, 150 г претходно свареното и сомелено жито, 2 ванилин шеќери и малку рендано мускатно оревче.

Со топлиот фил премачкајте ги корите рамномерно, а со истиот фил премачкајате ја целата торта одозгора и од страните. Одозгора наросете со мелени и сечкани ореви и декорирајте со цели оревови јатки. Тортата е најдобро да преноќи во фрижидер и затоа, обично се приготвува еден ден пред послужување.

III РЕЦЕПТ: 100 години стар рецепт за најубавата МЕДЕНА ТОРТА / Фотографија и рецепт на Nada Lauco (баба Наде). Медена торта на мој начин од стариот тефтер.

Потребни состојки: 1 јајце, 150 г шеќер, 1 лажичка сода бикарбона, 30-50 г путер или свинска маст, 3-5 лажици млеко, 3 лажици мед, 400-500 г брашно, *може и 1 лажица какао ако сакате потемни кори, не е наведено во рецептот

За фил: 500 мл млеко, 7 лажици шеќер (може 5 лажици + 1 полна лажица мед), 7 лажици гриз, 150 г мелени ореви, 250 г путер / маргарин и 4 лажици шеќер во прав. За глазура: 100 г чоколадо за готвење и 2-3 лажици масло. За декорација: мелени ореви, шлаг или по желба

Постапка: Во подлабоко тенџере се става 150 г шеќер, 3 лажици мед, едно јајце, 5 лажици млеко, 30 г свинска маст, 1 мало лажиче сода бикарбона.

Сето ова се става на ладна рингла и се пушта на јачина 2 (на умерен оган). Се меша постојано со дрвена лажица и се внимава да не загори. Се меша додека да се добие боја на карамела.

Се трга на страна, се додава 500 г брашно. Прво се меша со лажица, а потоа кога ќе се впие и подизлади се месе со рака, убаво да се соедини. Тестото се дели на четири топки и секоја топка се расукува во кора.

Плехот се става во рерна да се загрее, па се вади и се намастува и малку се набрашнува но од опачината. Врз него ќе се печата корите, една по една или две по две (јас ги печев две по две).

Корите се печат кратко, околу 5 до 7 минути, со голем нож се слизнува на маса со чаршав и хартија. Бидејќи корите се печат на опачината од плехот, треба да внимавате да не се изгорите.

За фил: 500 мл млеко со 7 лажици шеќер се става на оган да се загрее, па се додава 7 лажици гриз, се вари и се додава 150 г мелени ореви. Се остава да излади.

Во една вангла се мати едно пакетче путер (250 г) со 4 лажици шеќер во прав и се соединува со изладениот фил. Се филуваат корите една врз друга, одозгора се полива со чоколадна глазура, а од страните се лепат мелени ореви. / Фотографија и рецепт на Nada Lauco (баба Наде)