Потеклото на нашиот човечки вид, библиски е поврзан со јаболкото. Единствениот доказ за ова прво библиско толкување е потеклото на Адамовото јаболко. Во грчката митологија, јаболкото е симбол на стра-ста, па дури и денес, овој рајски плод останува на врвот кога станува збор за овошјето и здравјето на луѓето.

Јаболкото е мајка на јаболков оцет. Јаболковиот оцет, кој се формира преку природниот процес на ферментација на јаболкото, а потоа, при долго стоење може да се трансформира и во ал-кохол.

Токму на овој начин се прави јаболковиот оцет. „Ако сакате да бидете здрави, секое утро испијте 1 лажичка јаболков оцет во чаша вода“, советува д-р Предраг Ненадиќ – Андра.

Секоја личност мора да знае и да биде свесна за тоа, дека здравјето е минлива состојба на организмот, па затоа е потребно постојано да го храниме и штитиме организмот од вирусите и грипот.

Како еден од подобрите народни лек за зајакнување на имунитетот се покажал јаболковиот оцет. Тој е силен не-пријател на многу болести, а со негова секојдневна употреба, организмот се зајакнува.

Природниот јаболков оцет отсекогаш се користел како народен лек. Античките Римјани пиеле вода со јаболков оцет и така се прочистувале. Се користи за болести на срцето, кр-вните садови, висок притисок, холестерол и шеќер, бидејќи јаболковиот оцет има својство да ги разгради вишокот маснотии во организмот.

Помага во регулирање на телесната тежина, се користи за подобро варење на храната и заштита на организмот од инфекции на респираторниот систем. Јаболковиот оцет е антисептик, им помага на бубрезите и жолчното ќесе во кр-шење на каменот, проблеми со дебелото црево, како и нервни и мускулни нарушувања.

Значително го намалува хроничниот и акутниот замор, проширените вени, а се применува и против акни, егзема, габични инфекции, б олки во грлото, главобол-ки и несоница.

Природниот јаболков оцет во себе содржи 90 различни компоненти вклучувајќи ги протеини, билни масти, витамини како А, Б, Ц, Б1, Б2, Б6 и Е. Од минерали содржи железо, калиум, калциум, магнезиум, олиго елементи, сицилиум, бакар, јод, органски киселини, пектин, фосфор, здрави шеќери (фруктоза и глукоза).

Основна состојка на јаболковиот оцет е киселината, а покрај неа се содржат и други состојки како есенцијални аминокиселини. Многу важна состојка која се наоѓа во јаболковиот оцет е калциумот кој се содржи во голема количина. Калциумот помага во одржување на правилна работа на мускулите, цревата и ритамот на срцето.

Во современиот свет се добро познати лековитите својства на јаболковиот оцет и затоа се користи во широк обем. Познато е дека лекува: срце и кр-вни садови, притисок, холестерол и триглицериди, дијабетес, артериосклероза, помага во слабеење, с трес.

Исто така помага во одржување на подобра циркулација, го прочистува организмот од т оксини, спречува појава на тромб, а доколку тромбот веќе се создал во кр-вниот сад, помага во негово разградување како антикоагуланс.

Го прочистува црниот дроб и насобраните масти, го разградува каменот во бубрезите, лечи проширени вени, мигрена, т руење со храна и разни инфекции. Посебно го зајакнува имунитетот и го контролира и забрзува метаболизмот.

При несоница или хроничен замор, терапијата со јаболков оцет ја враќа природната свежина и доброто расположение. А доколку се користи како комбинација за надворешна и внатрешна употреба има ушто поголемо лековито дејство.

Големата концентрација на флавоноиди во јаболковиот оцет како антоцијаниди и кверцетин се познати како природни у ништувачи на туморските клетки. Во комбинација со мед, дејството на јаболковиот оцет се зголемува и се добива моќна комбинација.

Две лажички јаболков оцет во комбинација со млака вода и мед се добива лек кој е вистински прочистувач на кр-вта. Редовно користење на овој лек се зголемува хемоглобинот во кр-вта и отпорноста кон различните патогени микроорганизми.

Оксимел претставува напиток направен од внимателно смислена комбинација од мед, билки и овошје натопени во јаболков оцет. Има големо антибактериско дејство. Киселоста од оцетот помага да се апсорбираат хранливите материи во течноста, со што се добива напиток кој може да се консумира и превентивно против вируси и настинки.

I Рецепт: Помага во заздравувањето и регенерацијата на ош-тетените ткива. Се смета за „лековита лимонада” со зачинет, лут вкус. Може да се дава на деца (со консултација на лекар), по 1 лажичка на ден со или без лутите пиперки.

Лутите пиперки може да се заменат со црн пипер. Возрасните консумираат по една супена лажица со чаша вода. Може да се става и како облога на б олни места, бидејќи има способност да ја „извлекува” болеста.

Потребни состојки: свеж корен од рен, ѓумбир и куркума, 1 главица лук, 2 главици кромид, 2 портокали, 1 голем лимон (или 2 помали), 1 лимета, 3 лути црвени пиперки (најлути што можете да ги најдете), 1 рака оригано, мајчина душица и рузмарин, (одокативно), 2 литри јаболкова киселина (домашна), 1 кг мед.

Постапка: Сите состојки добро измијте ги под млаз ладна вода. Лимонот и портокалот може да се стават со кора доколку претходно отстојат во раствор од сода бикарбона и вода. Исечете ги сите состојки на помали парчиња и складирајте ги во чиста, стаклена тегла.

На крајот прелијте ги состојките со јаболковиот оцет, да бидат покриени еден прст, по потреба ставете решеткас, пластичен потискувач и добро затворете.

Се остава да „зрее” на темно и суво место најмалку 3 седмици до 1 месец со секојдневно протресување. Потоа процедете и чувајте во добро затворен сад, на ладно и користете по потреба.

II Рецепт: Оксимел со мајчина душица

Постапка: Земете неколку гранчиња мајчина душица, исечете ја на многу ситно делови и ставете ја во тегла. Односот треба да биде 1:2:5. На пример, на 1 лажица мајчина душица се додава 2 лажици јаболков оцет и секогаш 5 лажици мед.

Прво се става јаболковиот оцет, а потоа медот. Цврсто затворете ја теглата. Чувајте ја на темно и суво место, со повремено протресување. Процедете по изминатото време.

Смесата се чува во темни шишиња, се консумира по потреба или 3 лажици најмногу во денот. При консумирање, може да разредите со вода. Потребно е да користите природен органски мед.

Исто така, оксимелот може да го користите и како средство за загревање. На газа ставете 2 лажици од течноста и поставете ја на градите, за смирување на кашлица и респираторни проблеми.

Оксимелот е универзален природен лек за зајакнување на имунитетот, има антиинфламаторно дејство, а се користи најмногу за лекување на настинки и висока температура. За НМД.мк текстот го напиша Мартина Христовска.