“Во ова лежат парите” – се почесто овој човек го слуша околу себе. Дали навистина ќе се оствари неговиот сон, ќе видиме во иднина.

Овој човек цели 35 години работел во Швајцарија, а потоа пронашол идеален начин за заработување на големи пари во Србија.

Се вратил во својата родна земја и започнал бизнис со нешто многу интересно и необично, кое го привлекува вниманието на сите негови соседи.

Имено, овој човек во Крагуевац се вратила со хотел за кокошки. Тоа во суштина е кокошарник, но е многу подобро направен од вообичаените и е многу пофункционален.

Секако, хотелот за кокошки чини многу повеќе пари, а неговата цена достига и до 350 евра. Ако имате свој материјал, тогаш секако е поевтин.

Соседите на овој господин се многу љубопитни и одушевени со изгледот на така наречениот хотел за кокошки. Неговата идеја очигледно е добра и исплатлива, бидејќи има доста клиенти кои се заинтересирани да си купат ваков хотел за кокошки.

Луѓето велат: “Дојде време кога ни кокошките веќе не живеат во обичен кокошарник, туку во луксузен смештај.”