Корите за ролатот можете да ги премачкувате со некој џем, крем или чоколадо. Превкуснен е.

Потребни состојки:

250 г маргарин
250 г кристал шеќер
250 г брашно остро
5 јајца

За фил:

200 г чоколадо за готвење
10 супени лажици млеко
1 супена лажица масло

постапка:

Брашното, маргаринот, жолчките и шеќерот се матат во мазна и еднолична смеса.

Белките со прстофат сол се матат во цврст снег, па потоа постепено се додава во смесата од жолчки и нежно се промешува со лажица.

Се сечат 5 парчиња хартија за печење за пет кори: на величина на тепсијата (37х33 см).

Врз хартијата се ставаат околу 5 супени лажици од добиената смеса и рамномерно се распоредува со дебелина на палачинка (работете брзо за да не ви се витка кората зошто при печењето на тие места може кората да распука. Користете се некој картон или шпакла за брзо распоредување на смесата).

Потоа тестото со хартијата се префрла во тепсијата и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 3-5 минути.

Кората не смее да ја промени бојата, треба да остане светла (во текот на печењето, после околу 3 минути проверете дали тестото се лепи за прст или кората е готова. Ако ивиците потемнат, исечете ги заотоа што ќе се ронат).

Печените кори оставете ги настрана додека го приготвувате филот: Чоколадото растопете го на пареа со млекото и маслото. Исто така може да се користат и разни џемови, мармалади или ганаш крем со бело чоколадо и овошје.

Секоја кора тенко се премачкува со филот и внимателно се витка во ролат. Ролатот се префрла врз следната премачкана кора, па заедно се продолжува да се витка ролатот. Се продолжува постапката додека да се потрошат сите кори.

Готовиот ролат се завиткува целиот во фолија и се остава во фрижидер да преноќи. Вака приготвениот ролат е цврст и лесно се сече на многу тенки парчиња.

coolinarika.com