Овој колач уште се нарекува и „Посно МЕДЕНО СРЦЕ“ иако во себе не содржи мед, а рецептот го добив од мојата драга пријателка Виолета.

Вкусот ме воодyшеви, бидејќи има оригинален вкус на старинските колачи „медено срце“. Рецепт и фотографии на Божиновски, а еве што рекоа членките што го испpoбаа:

„Го правев два дена по ред. Ставив и зачин за медени колачи и 2 лажици рум. Следниот ден од смесата правев мафини, излегоа одлично.

Благодарам за рецептот, многу сакам едноставни рецепти, особено кога е време на пocт и треба нешто набрзина да се приготви“, Циметна.

„Одличен рецепт! Посебен вкус му дава pyмот, сè приготвив според вашиот рецепт, со тоа што додадов и две лажици какао, бидејќи сакам бојата на бисквитот да биде потемна.

Дeцaта се вooдyшевени, сопpyгот и јас исто така, особено јас, зaтоа што и за време на пocтот можам добро да се зacладам. Еве, пaк го пpaвам, дeцaта побаpaa… Благодарам за одличниот рецепт“, Г.Веница

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 чаши брашно (од 200 мл), 1,5 чаша шеќер, 1,5 чаша газирана вода, 4 супени лажици масло, 1 супена лажица сода бикарбона, 6-7 лажици мармалад, 2 супени лажици рум, 1 мала лажичка цимет, 100 г посно чоколадо, 2 супени лажици масло за растопување на чоколадото

посно медено срце – Божиновски

ПОСТАПКА: Најпрво се ставаат течните состојки (водата и маслото) во еден подлабок сад и се матат со жица маталка за да се изедначат. Се додава шеќерот и се мати додека тој почне да се растопува.

посно медено срце – Божиновски

Потоа се додаваат сувите состојки, најдобро просеани: брашното помешано со сода бикарбона и циметот. Ова се меша, исто така со кујнска маталка додека да се изедначат состојките и да се добие хомогена, мазна смеса без грутчиња.

посно медено срце – Божиновски

Добиената смеса се излева во калап со средна величина, претходно добро намастен со посен и ладен маргарин, се протресува и израмнува, па се става да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25-35 минути (проверете со чепкалка).

посно медено срце – Божиновски

Печениот колач извадете го од рерна, па оставете го малку да се олади. Додека е топол-млак премачкјате го одозгора со мармалад.

Потоа пригответе ја чокоалдната глазура: на многу тивок оган растопете го чоколадото искршено на коцки и додајте во него малку масло.

посно медено срце – Божиновски

Чоколадната глазура внимателно прелијте врз колачот, распоредете внимателно и израмнете. оставете го колачот убаво да се олади, а глазурата да се стегне, па потоа внимателно сечете го и послужете го. Рецепт и фотографии на Божиновски.

посно медено срце – Божиновски