Колку помалку јадете, толку подолго ќе живеете, тврди овој доктор.

Доктор Габриел Казенс одамна е познат по тоа што преферира сирова исхрана, но со огромна популарност се стекна во пошироката јавност по објавувањето на филмот “Излекувајте го дијабетесот за 30 денови”.

Овој документарен филм покажува како група луѓе со дебелина и дијабетес, целосно престанува со консумација на шеќер и јаглени хидрати, а од нив зависи дали ќе оздрават во текот на повеќемесечната исхрана со сурова храна под надзор на д-р Казенс.

Во својата книга “Излекување на дијабетесот” Габриел објаснува како целосно да се излекува дијабетесот тип 2: Со серија на прочистувачки диетални решими со низок процент на јаглехидрати, неуморни вежби, билки и суплементи.

Доктор Казенс им ја препорачува оваа диета на сите, а не само на дијабетичарите. Според него, дијабетесот тип 2 е предизвикан од дебелина и најлесно се лекува со правилна, здрава исхрана.

Постојат само три вегански фази во начинот на лекувањето кај д-р Казенс (веганство значи лицето да не консумира никакви животински производи, туку само растителна храна која е сурова или термички обработена на не повисока температура од 40 степени (сушена во рерна)).

Во првата фаза не смеете да јадете овошје ниту било што друго што содржи шеќер.

Во втората фаза можете да јадете сирова храна, овошје и зеленчук со низок гликемиски индекс, како бобинки и моркови.

Во третата фаза се јаде само сирова храна, понекогаш и овошје со висок гликемиски индекс – дозволено како десерт (на пример, две банани дневно).

На луѓето со сериозни болести им се советува првата фаза да ја следат во период од три месеци или повеќе, а потоа да преминат на втората фаза, а потоа на третата.

За повеќето луѓе се препорачува втортата фаза, за одржување на оптимално здравје. 50% од исхраната би требало да се состои од јаглени хидрати, како зелен зеленчук, земки и морски алги – сите во сиров облик. Остатокот од исхраната треба да се состои од ‘ртени житарици, мешунки и јаткасти плодови.

Таквата исхрана не е само лек, туку и најдобра превенција од болеста, бидејќи го подмладува телото и овозможува долговечност.

“Колку помалку јадете, толку подолго ќе живеете” – оваа идеја за првпат ја промовираше научникот Луиџи Корнаро кој живеел 102 години.

Најдобар начин за да го постигнете тоа е да јадете жива растителна храна, бидејќи суровата храна содржи помалку калории за разлика од термички обработената храна.

Самиот доктор Корнаро се подложил на гладување од 40 или повеќе денови.

КОЈА СИРОВА ХРАНА Е НАЈДОБРАТА?

Доктор Казенс тврди дека секој човек мора да ја јаде храната која расте во неховото поднебје каде што живее. Храната мора да биде во склад со климата каде живеете.

На пример, ако еден човек живее во пустина, би требало да јаде јаткасти плодови, бидејќи тие се богати со масти, како и повеќе соли за да се пречи дехидратација.

Во исклучително топли предели се јаде повеќе овошје, додека за луѓето во ладните подрачја им се препорачува да јадат повеќе масна храна и мед наместо овошје.

ВЕЖБИ

Доктор Казенс не препорачува претерано напорно вежбање. Мора да го пронајдете она што вам најмногу ви одговара, без разлика дали тоа ќе биде јога, пешачење, трчање и слично.