ПОМОЛЕТЕ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ: Молитва кон Светиот Василиј Острошки Чудотворец

Свет оче Василиј, силен помошнику и милосрден заштитнику, почуј ги и сега нашите молитви, coлзи и воздишки.




Како добар пастир што ги бара заталканите овци и за нив ст-paда, собери нѐ околу твојот кивот и со твоите чудотворни поуки поучи нѐ да ти благодариме и да Го славиме Отецот Небесен.




Нашите дyши во пороци се ма.чат, но и пла-чат како заблудениот син што од својот татко прошка барал, но и како жената што откако се препнала ги признала своите г.ревови.




Согрешивме многу, од знаење и незнаење согрешивме, со горди мисли и себично срце, со дело и збор, но и со неправење на многу добри дела. Затоа, погледни на нас ра.нетите и во г.ревот и.зобличените.




Погледни и ублажи ги нашите б олки и ст.радања на ду-шата и телото, и дарувај ни го изгубениот мир, братската љубов и радоста небесна.




Те молиме, повикај ги сите светии од нашиот род, сите свети ма.ченици, праведници и преподобни, и заедно со нив моли Го Господа, Кого во Пресвета Троица Го славиме, да ни подари прошка на гр.евовите и да нѐ спаси од адската поги.бел, та покаени и поучени да можеме тебе да те величаме, и со тебе да Го славиме беспочетниот Отец со единородниот Син и живототворниот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови.




Амин.

Тропар на св. Василиј Острошки, гл. 4

Од младоста своја сиот себеси на Господа се предаде,

во молитва, труд и пост пребивајќи, оче богоносен.

Образ на добродетелта му беше на своето стадо духовно;




гледајќи го твоето благопроизволение, за пастир на Својата Црква

и добар архиереј Бог те постави, а по твоето упокоение

твоето свето тело го сочува нераспадливо, свети Василиј.

Затоа, заради твојата смелост пред Него,

моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.










Претходна статијаСО ОВОЈ ДОМАШЕН ПРАШОК ЗА ПЕЧИВО КОЛАЧИТЕ РАСТАТ КАКО БАЛОН: Потребни се 3 состојки
Следна статијаМНОГУ ВКУСНИ ПОГАЧИЦИ: Ова е најубавото нешто што сум го јадела, прсти да излижеш