Home Здравје Помоќен народен лек од овој не постои: Го чисти црниот дроб, ги...

Помоќен народен лек од овој не постои: Го чисти црниот дроб, ги одзатнува артериите и го јакне имунитетот

Бидејќи го јакне имунитетот до максимум, овој народен лек со причина го нарекуваат еликсир на здравјето.

Главната намена на еликсирот е лекување и превенција на затнатите артерии (артеросклероза), регулирање на зголемените маснотии во крвта, спречување на умор, лекување на инфекции и настинки, интензивно јакнење на имунолошкиот систем, чистење на црниот дроб.

Во народната медицина овој лек се користи одамна, па добро е да се потсетиме на него особено во периоди на инфекции. Овој еликсир го опоравува телото од глава до пети.

Потребни состојки:

4 поголеми главици лук
4 органски лимони со кора
1 помал свеж корен од ѓумбир
2 литри вода

Постапка:

Лимонот добро измијте го и исечете го на парчиња. Излупете го и исчистете го лукот, па заедно со лимонот и ѓумбирот сомелете ги во блендер или на машина за мелење месо.

Измиксајте добро додека да се соедини смесата. Потоа претурете ја смесата во тенџере и додадете 2 литри вода. Ставете на оган и откако ќе заоврие, по 2-3 минути исклучете го огнот и оставете на рингла да излади, поклопено.

Процедете го напитокот и чувајте во стаклени шишиња во фрижидер.

Употреба: Овој еликсир се пие секое утро по 200 мл најмалку два часа пред јадење, односно на празен стомак.

<

Циклусот на лекување трае три седмици со секојдневно консумирање по една чаша, по што потребно е да се направи пауза од една седмица.

Можете да го подобрите вкусот и да додадете малку мед. После три седмици ќе почувствувате значително подобрување.