Многумина сигурно се заинтересирани како ќе изгледа новата вакцина за вирусот кој беснее низ цела планета од почетокот на годинава.

Веста за тоа дека има успешна експериментална вакцина против корона го обиколи светот со брзина на светлината.

Експерименталната вакцина која ја развија научниците од Оксфордскиот Универзите, според нивните зборови ги поминала првите тестови.

Околу илјада вакцинирани волонтери развиле антитела на ковид 19. Иако научниците засега не знаат колку ќе трае стекнатиот имунитет, оптимизмот сепак е присутен.

Исто така, потенцијалните примачи на вакцината ги предупредуваат на можните потенцијални нуспојави.

Освен неугодност при убодот, вакцинацијата може да биде проследена со малаксалост и покачена телесна температура кој успешно се совладува со вообичаените средства за намалување на истата (парацетамол).

Како делува вакцината и кои се очекувањата на истражувачите, можете да погледнете во видеото: