Комарците се најдосадните инсекти, покрај мувите, кои освен што можат да ви го расипат расположението или да ве разбудат од летниот сон, тие се познати и пренесувачи на болести.

Понекогаш се чини дека репелентите со кои се прскаме од глава до пети имаат само краткотрајно дејство и никако не можеме вистински да се ослободиме од овие напасници.

Веројатно на многумина им се познати некои трикови за растерување на комарците, како чад од кафе или негов талог, прскање со евкалиптично масло, босилек, цимет, масло од цитронела или познатата сардела „слаткарче“ или „розетла“ чиишто листови се јадливи и се ставаат во слатката.

Исто така, доста популарни се и миризливите свеќи, особено спиралните свеќи против комарци. Станува збор за намотки со масло од цитронела и микрокристална целулоза (дрвена каша) кои нсе палат на едниот крај, а потоа тие споро согоруваат и испуштаат чад кој би требало да ги одбие комарците.

Но, се чини дека една ваква спирала е премалку за толку многу комарци. За среќа, постојат уште неколку трикови кои на ефикасен начин можат да ги растераат не само комарците, туку и мувите, мравките, лебарките и сите останати досадни инсекти. Еве што треба да направите:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОСТАПКА: Земете една спирала против комарци и иситнете ја колку можете поситно. Сипете 100 мл бел оцет 9% и 1 супена лажица течен детергент за миење садови. Додајте 250 мл вода, помешајте и целата содржина претурете ја во шишенце со распрскувач.

Со овој спреј е безбедно да се прска дури и во кујната, бањата и на секое друго место каде што се појавуваат инсекти. Испрскајте го местото на кое вообичаено седите и пребришете со крпа.

Парчињата од спиралната свеќа треба да останат во течноста. Доколку немате ваква свеќа, а ја имате сарделата „слаткарче“, тогаш направете го овој многу моќен и ефикасен репелент:

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОСТАПКА: 125 мл медицински алкоxол 70% (мора да биде 70%, бидејќи тоа е идеалната концентрација која ги одбива инсектите), 125 мл бел оцет (јаболковиот или винскиот не се делотворни, мора да биде алкоxолен оцет), 3 супени лажици сода бикарбона, 10 супени лажици течен неутрален детергент (или од лимон), 3-4 свежи ливчиња од сарделата „слаткарче“ – цитронела, 1.3 литар вода

слаткарче

Во едно тенџерче ставете 300 мл вода на оган да зоврие заедно со листовите од слаткарчето. Штом зоврие, покријте го садот и тргнете го од оган, па оставете да се олади. Остатокот од водата, 1 литар, помешајте го со останатите состојки, па на крај додајте го и процедениот чај.

Добро измешајте за да се растворат сите состојки. Складирајте во шише со распрскувач и прскајте врз сите површини каде што се појавуваат несаканите инсекти. овој репелент исто како и претходниот е безопасен и може да се користи за сите површини. Видеопрезентацијата за првиот рецепт погледнете ја ОВДЕ, а за вториот рецепт – ОВДЕ.