„Денес со вас ќе споделем едно одлично средство за брз раст на косата и против опаѓање, за кој буквално збyдалеа сите на cоцијалните мpежи“, објави Драгана која прва го испроба средството и рече дека ќе ги сподели резултатите после две недели користење.

„Девојките масивно ги снимаат своите резултати, а кои се видливи за само седум дена од отпочнувањето на третманот. Гледав некои снимки каде една девојка покажуваше како почнале да и растат влакненца веќе после 7 дена.

Јас ова средство почнав да го користам веќе 3-4 дена и многу сум задоволна, бидејќи средството дополнително не ми го масти темето и не ми прави никаква иритација на кожата. Ќе ви покажам како се приготвува и како се користи.

ПОСТАПКА И ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Во еден поголем сад сипете 5 шолји за чај (од 250 мл), поклопете и ставете на оган да зоврие. Наберете 5-6 млади гранчиња рузмарин и исперете ги под млаз ладна вода и само кратко потопете ги во чинија со ладна вода за да се испере од нив евентуалната прашина.

Зошто рузмаринот е толку добар за раст и квалитет на косата? Во една студија го проучувале дејството на рузмаринот како лек за коса против опаѓање и за нејзин побрз раст и го споредиле со „Миноксидил“ кој е најчесто користениот лек кој се препорачува при алопеција, односно опаѓање на косата.

Резултатите биле речиси идентични. За овој рецепт е најдобро да се користи свеж рузмарин, но секако може да се употреби и сува билка и тоа, по 1 супена лажица сува иситнета билка на 1 чаша вода (250 мл).

За 5 шолји вода ќе ви бидат потребни 5 гранчиња свеж рузмарин со приближна должина од 25-30 см. Штом зоврие водата ставете го рузмаринот, поклопете и варете 15-тина минути со намалена температура.

После 15 минути исклучете ја ринглата и оставете го чајот да се олади, 20-25-тина минути. Ќе забележите дека на почетокот бојата на водата ќе стане зеленкаста, а кога целосно ќе се олади, ќе добие црвенкастокафеава боја.

Оладениот чај процедете го и сипете го во шише со распрскувач. Течноста можете да ја складирате и во тегла и да ја чувате во фрижидер. Пред да ви откријам како се третира косата со овој чај, сакам со вас да споделам уште неколку корисни совети:

Потребно е да се внесува што повеќе витамин Д и Б (ако имате недостаток, со препорака на лекар); одбегнуваје колку можете повеќе хемиски и термички третмани на косата како што е пеглата и фенот.

Ако сакате брановидна коса, едноставно сплетете ја косата во плетенка додека е малку влажна или преспијте со плетенка, а следниот ден ќе имате многу убава брановидна коса. Исто така, многу е важно да не ја врзувате косата во цврсто „коњско опавче“ или „пунџа“, за да не дојде до затегнување на косата, нејзино кинење и корнење.

Најдобро е да користите шноли, штипки или ако веќе мора да ја врзувате косата, тогаш користите меки „стегачи“ за коса. Инаку, средството од рузмарин кога ќе го направите може да го оставите на собна температура, меѓутоа да не е изложено на сончева светлина или на многу топло.

Со него треба да ја прскате косата еднаш наутро и еднаш навечер на темето од главата, потоа направете блага масажа со јагодиците од прстите. Ова средство меѓу другото е одлично и против бели или „седи“ влакна и ја одложува/спречува појавата на белеење на косата.

Кога добро ќе ја испрскате косата таа ќе биде влажна, па ако одите на работа, третманот направете го малку порано за да има време да се исуши.

Косата после тоа не е масна и не мириса непријатно, напротив“, кажа Драгана во видеопрезентацијата која можете да ја погледнете ОВДЕ. После две недели користење Драгана покажа колку нови, млади влакна и никнале после употребата на ова средство.