Често чувствував замор, немав многу енергија, ниту концентрација во текот на денот, па сето тоа го препишував на обврските кои се секојдневно акумулирани во мојот живот. Кога отидовме на одмор со сопругот во мај, ми пријде една жена и ме праша дали имам проблем со црниот дроб.

Јас немав ни помислено зошто би имала проблем со него, па ѝ одговорив дека немам. Таа ми рече дека оддалеку ме забележала по моето паднато лице и збрчкана кожа, па да не ѝ замерувам што вака ми пријде, ми објасни дека таа има своја природна аптека за лекови, каде на природен начин ги лекува проблемите на луѓето.

Не знам од каде беше жената, но ми рече дека секогаш ги советува своите клиенти да се консултираат со лекар пред употреба на било каков лек, а кај неа доаѓаат кога немаат друго решение. Вели дека на многумина им помогнала, па се понуди и мене да ми каже природен лек кој може да ми помогне.

Веднаш зедов ливче и пенкало и го запишав рецептот кој ми го кажа и многу се изненадив бидејќи намирниците потребни за овој лек беа многу едноставни и секојдневно ги користиме. Ме посоветува да го консумирам лекот во период од една до две седмици, по 1 лажица пред спиење.

Кога се вративме од одмор, веднаш го подготвив и уште истата вечер почнав да го консумирам. Овој напиток беше додаток, кој дополнително го стимулираше мојот црн дроб да ги извади токcините од него.

Ефектот е забележлив веднаш, во мојот случај можам да потврдам дека беше така. Но, сепак ќе кажам дека ова не е „магичен“ напиток кој веднаш ќе ве прочисти и ќе направи да изгледате помлада, послаба и поубава.

Други промени кои ги направив беше тоа што си земав поголеми одмори во текот на денот, а тоа што остануваше незавршено го оставав за друг ден. Внимавав на исхраната, да јадам повеќе овошје и зеленчук и пиев големи количини на течности, односно вода и билни чаеви.

По само една седмица консумирање забележав дека мојата кожа изгледа посветла, посјајна, како да сум најмалку 5 години подмладена. Се чувствував и многу почисто однатре, а со тоа почнаа да се намалуваат и масните наслаги околу рацете и стомакот. Ова е еден многу стар лек кој со сигурност вашите баби го знаат.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 80 г корен од ѓумбир, 1 главица лук, 1 главица кромид, 2 лажици куркума во прав, 1 лимон, 400 мл вода. ПОСТАПКА: Излупете го кромидот и исечете го на ситни коцки. Истото направете го и со лукот, а чешнињата исечете ги на помали парчиња.

Ѓумбирот излупете го, па и него исечете го на помали парчиња. Сѐ заедно складирајте во помали тенџере и прелијте 400 мл вода. Промешајте, па додајте 2 лажици куркума и повторно соединете, додека да се раствори во водата. Ставете го тенџерето на оган да зоврие, па намалете ја температурата.

Гответе уште 10 минути на тивок оган. Потоа, тргнете го тенџерето од оган, покријте со соодветниот капак и оставете да се олади уште 10 минути. Процедете го напитокот во чиста тегла или шише и додајте го лимонот, исечкан на тенки кругови. Се чува во фрижидер до 1 седмица, а се консумира по 1 лажица пред спиење.

Контраиндикации: Овој лек не смеат да го консумираат деца, бремени жени или доилки. Пред употреба, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Деталите од целата постапка за подготовка на лекот, погледнете ги во видеото ОВДЕ.