Половина час прошетка во шума може да ве заштити од болести и да ви го зајакне имунитетот

Доволна е една прошетка низ шума со големи, стари дрва за се “избањате” со воздухот кој ќе го зајакне вашиот имунитет, ќе помогне да ги спречите или ќе ги излекувате најтешките болести, како и некои други хронични заболувања.

Па дури и кратката прошетка низ шума или парк толку многу ќе придонесе за регенерација на вашата сила и здравје, поради етеричните масла од шумските дрва и билките кои ги испуштаат во воздухот и се наречени фитонциди – антибиотици од растително потекло, а вие ги вдишувате.

Секој барем еднаш во животот прошетал низ шума и уживал во убавините на природата. Тоа е причина зошто некои луѓе одбираат да живеат во шума или барем покрај неа и зошто некои луѓе патуваат илјадници километри само за да прошетаат низ специјални шуми и прашуми.

Меѓутоа, научниците од Јапонија откриле дека традицијата која се нарекува Shinrin Yoku или “бањање во шума” е сè уште актуелна, а зошто е тоа така, причините всушност се од биохемиска природа.

Имено, истражувачите утврдиле дека престојот во шума го поправа природниот имунитет кој е особено важен за спречување на рак како и други хронични болести.

КАКО СЕ СЛУЧУВА ТОА “БАЊАЊЕ ВО ШУМА”

Кога научниците ги тестирале луѓето пред и после двочасовната прошетка во шума, пронашле дека кај сите, освен кај едно лице, имало за 50% повеќе Т-клетки (облик на бели крвни зрнца), борци без кои телото не може да се спротивстави на вирусна или бактериска инфекција.

Испитаниците имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност, како и бистрина во главата. Истражувачите го објасниле феноменот:

Шумските дрва и билките емитираат во околината “антимикробни испарливи органски соединенија од билни деривати, кои се нарекуваат фитонциди, за да ги истребат штетните габички и бактериите”.

Габичките и бактериите може да бидат проблем за нашиот имунолошки систем, а исто така, не ги сакаат ниту дрвјата.

Шумските стебла честопати се стари со стотици или илјадници години. Дрвата и другите билки, ја усовршиле нивната заштита, односно соединението кое може да ги убие габичките и бактериите. Кога шетате низ шумата и го вдишувате воздухот, вие се соединувате со овие компоненти. Ефектот може да трае дури 2 месеци!

Имено, кога се шетаме низ една ваква шума, ние се бањаме во нејзиниот природен имунитет. Нурнати сме во “Фитохемискиот” имунолошки систем на шумата.

Професорот Кинг Лее од одделот за хигиена и јавно здравје Нипон од медицинската школа во Токио, ја претстави оваа сторија на амерканскиот научник Ани Лени Филипс. Во статијата постојат прецизни информации за ефектите од специфични хормони, вклучително и ефектите од норадреналинот и DHEA врз стресот и адипонектинот.

Имено, ниското ниво на адипонектинот е поврзано со дијабетес тип 2 и дебелина. Студијата беше објавена во European Journal of Applied Phisiology.

Loading...