Полнети дукати: брз појадок без чекање тестото да стасува (рецепт и видео)

Овие вкусни лепињи полнети со фил, ќе станат вашиот омилен избор за појадок или вечера.

Рецепт и видео: Бригита Хусиќ
Потребни состојки за 16 парчиња

За фил:

Loading...

400 г компир
100 г кромид
200 г младо солено сирење

за тесто:

500 г брашно + 200 г за наросување
100 мл масло
200 мл млако млеко
100 мл млака вода
1 јајце
1 белка
1 сув квасец
1 прашок за печиво
1 рамна лажица шеќер
1 рамна лажица сол
1 лажица кари (или куркума)

За премачкување:

1 жолчка
2 лажици масло
1 лажица вода
сусам за наросување

Постапка:

Сварете го компирот па изгмечете го и оставете го да излади. Во млекото додадете сув квасец, шеќер и 2 лажици брашно, па оставете да отстои.

Пропржете го кромидот на малку масло, па соединете го со компирот и додадете сирење. Додадете сол и црн пипер по вкус.

Во смесата со квасецот додадете јајце, белка и масло, па соединете. Додадете брашно, прашок за печиво, сол и кари, па замесете тесто. По потреба додадете брашно за да не ви се лепи тестото.

Префрлете го тестото на работна површина и поделете го на 16 еднакви топчиња. Секое топче спласкајте го со рацете, на средината ставете една лажица од филот, па спојте ги краевите и повторно формирајте топче полнето со фил.

Вака полнетите топчиња малку притиснете ги со дланките за да добиете облик на дукат. Дукатите наредете ги врз плех обложен со хартија за печење, па премачкајте ги со смеса од жолчка, вода и масло, па наросете одозгора со сусам.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кога ќе ги извадите од рерна, свртете ги наопаку и редете ги една врз друга за излезе воздухот од нив и да останат сплескани.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Loading...