Фото и рецепт: Антонија Јукиќ

Потребни состојки: 5 жолчки, 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја брашно, 1 прашок за печиво и 1 лажица какао во прав. За белиот дел: 5 белки, 10 лажици шеќер, 4 лажици вода и 10 лажици шеќер. За глазура: 100 г чоколадо 50 г маргарин и 4 лажици масло

Постапка: Жолчките матете ги со шеќерот додека тој да се растопи, приближно 10-тина минути. Додадете масло и уште малку матете. Потоа додавајте млеко и брашно наизменично, а на крај прашок за печиво и какао во прав.

Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех и ставете да се пече во загреана рерна на 150 степени, 25 минути. Во меѓувреме изматете ги белките во цврст снег, а потоа додадете постепено 10 лажици шеќер и матете додека шеќерот целосно да се растопи.

Во еден сад ставете 4 лажици вода и 10 лажици шеќер, па загревајте додека да зоврие и шеќерот да се растопи. Овој сируп памлку по малку во тенок млаз додавајте го во снегот од белки додека матите со миксер.

Извадете го колачот од рерна и премачкјате го со снегот од белки. Израмнете, намалете ја температурата на 100 степени, па допечете го колачот уште 10 минути. На крај кога колачот е готов и малку изладен, прелијте го со чоколадна глазура.

Фото и рецепт: Антонија Јукиќ