Подготовката е лесна, а вкусот е неодолив за сите љубители на макот.

Потребни состојки: 500 г меко брашно, 30 г свеж квасец, 250 мл млеко, 2 жолчки, 50 г растопен путер, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 1 прстофат сол. За фил: 400 г мак, 140 г шеќер, 200-300 мл млеко, 1 ванилин шеќер и 2 белки. За премачкување: 1 јајце

Постапка: Квасецот и една лажица шеќер прелијте ги со 100 мл топло млеко, промешајте да се раствори и оставете на топло 10-тина минути да се активира.

Стасаниот квасец измешајте го со наведените состојки и остатокот од млекото, па замесете мазно тесто. Оставете го покриено да стасува околу еден час додека да се удвои.

Потоа развлечете го во тенка кора, премачкајте го со фил и свиткајте го како ролат. Ролатот спојте го како прстен во круг и со остар нож засечете го на фотографијата, па засечените делови наредете ги малку накосо.

Оставете на топло да стасува 20 минути. Потоа премачкајте го одозгора со разматено јајце и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

За фил: мелениот мак и шеќерот прелијте ги со врело млеко. По желба додадете малку рум. Во изладениот фил додадете изматен снег од две белки. Совет: Количината на состојките е доволна за две помали маковници или една поголема. Парчињата што ќе ги засечите може и да се налегнат, но не мора.

coolinarika.com