Полицистични јајници не се цисти на јајниците, туку нешто друго: 6 помалку познати факти за овој синдром

Синдром на полицистични јајници е пореметување предизвикано од хормонален дисбаланс и еден од најчестите дијагнози во гинеколијата. Самите полицистични јајници не се цисти на јајниците, туку тоа се јајници со нешто поголем волумен во споредба со нормалните, а ултразвучно се визуелизираат голем број мали фоликули, па затоа се нарекува дека се полицистични.

Иако ова пореметување е многу честа појава, сепак се’ уште постојат нејаснотии околу големиот број различни симптоми во комбинација со различни промени во лабораториските анализи.

Од овие причини, следните неколку факти секоја жена треба да ги знае.

СИМПТОМИ

Овој синдром различно се манифестира во однос на животната возраст на жената, па така во младоста најчестиот проблем се нередовните менструални циклуси, изостанок на овулација, проблем со вишок килограми, иако овој синдром може да биде присутен и кај многу слаби жени, потоа појава на акни и влакнатост.

Некогаш синдромот е многу комплексен и вклучува метаболни пореметувања, инсулинска резистенција, губиток на коса. Подоцна може да се појави проблем со неплодност.

ДЕПРЕСИЈА И ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК

И како да сите наведени симптоми не се доволни, кај жените со полицистични јајници често се јавува депресија и поради тоа потребно е да посетуваат психолог или психијатар. Некои од останатите симптоми се првут, покачен крвен притисок, а кај некои и длабок, продорен глас.

ТЕШКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА

Не постои едно еднинствено тестирање со кое може да се утврди синдромот на полицистични јајници и затоа голем број жени патат, а не знаат зошто. Докторите ја потврдуваат дијагнозата кога жената има два или повеќе симптоми, како што се цистите на јајници, нередовна овулација и високо ниво на андрогени хормони.

Златен стандард за поставување на дијагноза се клиничка слика, ултразвучен преглед и лабораториски анализи, како и хормонални анализи.

НАЧИНОТ НА ИСХРАНА Е МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР

Вишокот килограми и дебелината ги влошуваат симптомите, бидејќи го зголемуваат нивото на инсулин во крвта. Од друга страна, за синдромот на полицистични јајници е типична потребата за масна храна и јаглени хидрати.

Затоа се препорачува консумирање на јаглехидрати од овошје и зеленчук, потоа внес на здрави белковини од мешунки, јаткасти плодови, свежа риба и јајца, како и внес на здрави масти од маслиново масло и семки. Здравите масти добро ја регулираат чувствителноста на инсулин, а може да се најдат во авокадото, јаткастите плодови, семките, белото месо, јајцата. Исто така, се советува од исхраната целосно да се исфрли целата поцесуирана храна полна со адитиви и алкохолот.

ЛЕКОВИ

Голем број на лекови можат да помогнат, па така се препишуваат контрацептивни пилули, хормони, инсулински сензитајзери и иноситоли. Секогаш се препишуваат строго индивидуално, во зависност од доминантните симптоми.

ДРУГИ БОЛЕСТИ КОИ МОЖАТ ДА ГИ ПРЕДИЗВИКААТ ПОЛИЦИСТИЧНИТЕ ЈАЈНИЦИ

Ако не се лекува овој синдром, може да има негативно влијание врз подоцнежното здравје во животот. Некои од болестите чиј развој може да го поттикне се: проблеми со срцето, дијабетес тип 2, како и рак на ендометриумот.

Loading...