Брзи, здрави и вкусни тиквички од рерна, за кои ви се потребни само 4 лажици масло. нема потреба да стоите долго пред шпорет и да ги пржите во длабоко масло.

Потребни состојки: 2 тиквички, малку сол, 2 лажици брашно, 1 лажица пченкарно брашно, 1 лажица лебни трошки (презла), 1 лажичка сол, ½ лажичка црвен зачински, пипер во прав, 2 јајца, сусам за наросување одозгора и 4 лажици масло

Постапка: Тиквичките убаво измијте ги, па исечете ги на тркалца заедно со кората. Посолете ги и оставете малку да отстојат. Во посебен сад ставете две лажици брашно, една лажица пченкарно брашно, една лажица лебни трошки, една лажичка сол, половина лажичка црвен пипер во прав и убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Во друга чинија изматете две јајца со виљушка. Започнете го похувањето на тиквичките. Секое тркалце натопете го прво во јајцата, а потоа во мешавината од брашно и презла. Завршете со уште едно потопување во јајцата.

Вака приготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора наросете ги со сусам и со 4 лажици масло. Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото: