Дијана Поповиќ од Добој, после првата бременост се соочила со многу непријатни симптоми, но и честа женска тегоба, за која лекарите и предлагале операција. За среќа, успеала да го реши проблемот без медикаменти и без операција, само со чај од пиреј.

– Чајот од пиреј ми ги стопи миомите на матката

Младата мајка, Дијана Поповиќ (32) од Добој, била пресреќна кога се породила со своето прво дете и дека пораѓајот поминал во најдобар ред. После некое време, кога сè се смирило и кога целосно му се посветила на бебето, забележала некои чудни промени.

-Во пределот на репродуктивните органи чувствував повремени болки. На почетокот, мислев дека тоа е нормално, бидејќи хормоните се враќаат на свое место и дека телото реагира. Меѓутоа, како се засилуваа симптомите, повеќе не можев да издржам.

-Какви симптоми чувствувавте?

-Пред сè чувствував силна болка во пределот на матката, неподнослива. Многу ми пречеше, бидејќи морав да бидам максимално ангажирана околу бебето. Да го подигаш бебето со болки воопшто не е лесно, па затоа отидов на лекар.

-Што ви открија лекарите?

-Миоми на матката. Еден миом беше огромен, од 2,5 см и преминал на ѕидот од матката. Тој миом веројатно сум го имала и за време на бременоста, само што не давал никакви симптоми.

-Која терапија ви ја предложија лекарите?

-Не добив никаква терапија. Сметаа дека миомот е премногу голем за да се лекува со медикаменти и ми предложија операција. Ми рекоа дека туморот мора да се отстрани што поскоро бидејќи може сешто да ми се случи.

-Што одлучивте? Како сето тоа делуваше на Вас?

-Бев шокирана, потполно вон себе. Не е сеедно кога некој ќе ви каже дека во себе имате израсток од 2,5 см и кога знаете дека тоа не е добро за вас. Покрај тоа, операцијата беше премногу ризична. Постојано се прашував, што ако ми ја отстранат матката, дали ќе можам повторно да родам, а многу сакав и второ дете…

Илјада прашања и илјада можности. Првите неколку денови не знаев што да правам. Многу размислував и одлучив да пробам со алтернативно лекување пред да се одлучам за операција. Тоа за мене не беше воопшто лесна одлука.

Започнав да се распрашувам кај други луѓе дали познаваат некој што имал сличен проблем на мојот и дека излекувал миом. Од порано имав слушнато дека миомите се чести кај жените кои се во години, но јас бев млада, имав триесет години.

-Дали најдовте помош?

-Да, најдов, слушнав дека многу бил добар чајот од пиреј, пиревина како што го викаат. Слушнав дека треба долго да се пие, но дека е ефикасен. Почнав често да го пијам, дури и наместо вода. Сакав што поскоро да се ослободам од злото во мене. Не знаев колку точно чај треба да испијам за да се повлече миомот, но решив да го пијам сè додека да го уништам.

-Дали уште нешто преземавте или пиевте само чај?

-Го пиев само чајот, ништо друго не менував ниту користев. Нормално јадев и пиев сè како и претходно, само што внесував огромни количини чај, преку еден литар дневно.

-Па, колку ви помогна чајот?

-После еден месец отидов на редовна контрола кај гинеколог. Ми направија ултразвук и ништо не можеа да најдат на матката, беше чиста. Лекарот се чудеше, не можеше да верува. Тој очекувал дека миомот ќе биде уште поголем, но немаше повеќе ниеден миом.

-Дали сè беше во ред после прегледот?

-Да, некое време. Миомите исчезнаа, меѓутоа кога сакав повторно да забременам, не успеав. Всушност, имав четири или пет лажни бремености. Почнав повторно да го пијам чајот бидејќи е добар против женски тегоби. Испив два литри чај за неколку дена и тој месец останав бремена.

-Како помина вториот пораѓај и дали имаше некакви компликации?

-Пораѓајот помина одлично. Бев на редовен преглед и сè беше во ред, немаше никакви компликации. Чајот од пиреј го пијам и денес, како превентива. Пресреќна сум што ме спаси од операција и ми помогна на свет да донесам уште едно дете. Моето семејство сека е комплетно благодарение на тој чај.