ПОГАЧА ЗА СРЕЌА И БЕРИЌЕТ: Без оклагија и стасување на тестото, погача со сланина и сирење

Добар ден, добри луѓе. Денеска правам вкусно печиво со сланина и сирење! Има ли нешто подобро од меко,топло печиво свежо излезено од рерна. Ако нешто ми ја прави дyшата бeзбедна и cмиpeна, тоа е мирисот на топлите пити, кои често ни ги правеше мајка ми кога бевме деца со брат ми.




Ова е една верзија на многу вкусна и лесна пита која се подготвува без стасување на тестото, а покрај тоа не се користи оклагија. Целото тесто се замесува како што е опишано подолу во постапката, а потоа со помош на прстите се развлекува во една тепсија. За да ја подготвите оваа пита, ќе ви бидат потребни следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топло млеко (200 мл), 1 јајца, 1 лажица гранулиран шеќер (20 г), 1 лажица сув квасец (10 г), 1 лажичка сол (8 г), 400 г брашно, 100 г сирење по ваш избор, 100 г сланина, мек путер (70 г), малку магдонос.




Потребни состојки за премачкување: 1 жолчка од јајце измешана со 1 лажица млеко, малку сусам за наросување, 1 шери домат за декорација, неколку ленти тврд кашкавал. Постапката проследете ја во продолжение:




ПОСТАПКА: Јајцата и млекото се оставаат на собна температура минимум 1 час пред подготовка на питата. Во подлабок сад ставете го млекото кое треба да биде млако или на собна температура. Додајте го шеќерот и со жица или маталка измешајте ги состојките.




Додајте го квасецот и добро измешајте. Вака подготвената смеса оставете да отстои неколку минути додека квасецот малку да запени. Потоа додајте 1 јајце, изматете го малку, па ставете го во квасецот. Растопете го малку путерот, додајте го и соединете.




Настрана ситно исечкајте малку магдонос и додајте го во садот. Сланината исечкајте ја на ситни коцки (претходно извадете ја р’скавицата), па и неа додајте ја во смесата за тесто. Сирењето директно издобете го внатре, додајте сол колку е потребно и продолжете со мешањето.




Најпосле започнете со постепено додавање на брашното. Мешајте со шпатула или лажица додека да се соединат состојките и да згусне смесата. Формирајте меко и мазно тесто, кое се одвојува од ѕидовите на садот. За тестото не е потребно долго мешање, доволно е само да се соединат сите состојки.




Во еден кружен плех, премачкајте со малку растопен путер и на средина ставете го тестото. Со помош на прстите (малку намастени), развлечете го тестото додека да се исполни целата тепсија, а неговата дебелина треба насекаде рамномерно да се распореди.

Вака подготвеното тесто се остава да одмори 30 минути (оптимално време за да биде меко), а по изминатото време се сече на парчиња по желба. Тестото може да го исечете на коцки, правоаголници или како мене, на триаголници-пица парчиња.

За декорација, на средина може да ставите 1 шери доматче, а помеѓу секое парче да ставите подебел лист од кашкавал. Изматете 1 жолчка со 1 лажица млеко и премачкајте го тестото одозгора, а остатокот истурете го измеѓу празнините каде го ставивте кашкавалот.

Одозгора наросете со сусам по желба или некои други семки. Печете во претходно загреана рерна на 200°C, 40-45 минути во зависност од рерната. По печењето, питата се остава малку да се олади, па се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаВалентина го покажа рецептот кој многу се бара: Обарени пиперки со морков, без пастеризација и без конзерванси
Следна статијаОвој појадок топи масти, врши превенција од рак на дебело црево, го забрзува метаболизмот – а чини помалку од 50 денари