Погача со облик на сончоглед – толку едноставна а толку вкусна, штом еднаш ја пробате, често ќе ја правите

Една од нашите омилени погачи. Многу ја сакаме, често ја правиме особено е задолжителна за гости.

Потребни состојки:

500 г брашно
90 мл маслиново масло
200 мл суво бело вино
2 лажички сол

за фил:

350 г варен спанаќ
350 г Рикота или сирење по ваш вкус (може урда со к.павлака)
1 јајце
100 г рендан кашкавал
1 лажица лебни трошки, презла
сол, црн пипер
1 разматено јајце за премачкување

Постапка:

Пригответе ги сите состојки, а спанаќот сварете го и процедете го. Замесете го тестото: измешајте сол и брашно, па продолжете да мешате додека полека додавате масло.

После маслото додавајте го виното додека да се добие убаво мазно тесто. Поделете го тестото на два дела и покриено оставете го да отстои додека да се приготви филот. Измешајте ситно исечкан спанаќ со рикота. Потоа додадете јајце, сол и црн пипер, а потоа и рендан кашкавал. Добро промешајте за да добиете изедначена смеса.

Двете половини од тестото развлечете ги во кори во форма на круг (30 см). Кружна тепсија обложете ја со хартија, и ставете ја првата кора. Наросете лебни трошки, означете со соодвете сад- круг во средината и уште еден прстен подолу.

Ставете фил во означените кругови а краевите премачкајте ги со разматено јајце. Потоа поклопете со другото тесто. Исечете го вишокот и целата погача порабете ја со помош на виљушка.

Потоа со стар нож од првиот круг започнете да сечете кон надвор, со ширина од 3 см. Потоа секој пресечен дел вртете го за 90 степени.

Средишниот дел премачкајте го со разматено јајце и наросете го со сончоглед. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу половина час, односно додека да зарумени.

Извадете од рерна и сервирајте на соодветна чинија, па послужете како топло или ладно предјадење или како “мезе” со пијалак.

Coolinarika.com

Претходна статијаИницијални резултати од PCR тест за корона за само 12 минути
Следна статијаПрстите на мама почнаа да и се вкочануваат кога наполни 50, а една медицинска сестра и го предложи ова