Лабораторијата за генетска и персонализирана медицина во склоп на клиничката болница Жан Митрев разви брз тест за детекција на коронавирусот

Нашата лабораторијата, покрај своите дијагностички пристапи е единствената приватна лабораторија којашто извршува и научно-истражувачка дејност.

Во склоп на таа дејност лабораторијата разви брз тест за детекција на коронавирусот со примена на реверзно-транскриптазна јамково посредувана изотермална амплификација (RT-LAMP).

Тестот е интерно валидиран на PCR-валидирани примероци од 503 пациенти и има одлична сензитивност и специфичност. Слично како PCR и RT-LAMP обавува директна детекција на вирусот во примерокот.

Преку овој тест возможно е иницијалните резултати да се добијат од 12  60 минути, во зависност од вирусната концентрација кај пациентот. Лабораторијата е во контакт со овластените институции во однос на добивање на дозвола за работа со овој уникатен тест.

Исто така во лабораторијата се извршува брз RT-PCR тест одобрен на листата на вонредна употреба на СЗО и FDA. Преку овој тест, резултатите се добиваат од 30-45 минути од примање на материјалот во лабораторијата.

Имено, лабораторијата е првата којашто го секвенционираше геномот на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) од македонски пациенти и откри дека “македонскиот сој” на вирусот полесно се пренесува од “Wuhan-скиот сој”.