Рецепт и видео презентација на Том Филос – Брз и многу вкусен колач без печење

Навистина едноставен колач со богат вкус. Сите состојки ги ставате во блендер и тој ја завршува целата работа. Направете го овој колач без голема мака и уживајте во неговиот вкус.

Потребни состојки:

5 банани (400 г)
100 г путер
200 г шеќер во прав
150 г кокос
250 г мелени кекси
3 лажици какао (30 г)
150 мл слатка павлака за шлаг
100 г црно чоколадо

Постапка:

Во блендер ставете ги исчистените банани заедно со 100 г путер омекнат на собна температура и 200 г шеќер во прав. Измиксајте додека да се соединат состојките.

Во смесата додадете 150 г кокосово брашно, па уште еднаш вклучете го блендерот за да се соедини и кокосот. На крај додадете 250 г мелени кекси (плазма или било кои бисквити по ваш избор). Матете додека целата смеса да се изедначи и да стане ровка.

Половина од смесата извадете ја во друг сад, а во остатокот додадете 30 г какао и измиксајте. На овој начин го добивате темниот слој. Долгнавест калап за леб обложете го со проѕирна фолија. Светлата смеса рамномерно распоредете ја и добро притиснете и израмнете.

Врз неа распоредете го темниот слој и исто така израмнете. Поклопете со фолијата и оставете го колачот да излади и да се стегне во фрижидер околу половина час. Колачот превртете го врз чинија за послужување, така што светлиот дел ќе дојде одозгора.

Во едно тенџере на оган загрејте 150 мл слатка павлака и 100 г црно чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини, а потоа прелијте како глазура врз колачот. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: