Овој природен лек има силна антивирусна, антибактериска и антигабична формула, ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата во сите делови од телото, а претставува и успешен лек протв габата кандида.

Според искуствата кај народот, на многумина им помогнал во лекувањето на разни вирусни, паразитски, бактериски и габични инфекции, а тајната се крие во домашните, природни состојки.

Потребни состојки: 700 мл домашна јаболкова киселина, ¼ шолја рендан лук, ¼ шолја рендан кромид, 2 свежи лути пиперки чили, ¼ шолја рендан ѓумбир, 2 лажички рендан рен, 2 лажички куркума во прав

Постапка: Во поголем сад измешајте ги состојките (освен јаболковата киселина) до изедначување. Погрижете тие се да бидат свежи, по можност органски.

Не грижиете се околу прецизните количини, може да има малку повеќе или помалку од некоја од состојките, но приближно треба да бидат во тој однос.

Откако ќе ги измешате убаво сите состојки, смесата префрлете ја во стаклена тегла. Внимавајте, две третини од теглата треба да се состои од суви состојки, а остатокот да го дополните со јаболкова киселина.

Теглата затворете ја и добро протресете за да се промешаат состојките. Вака приготвената смеса чувајте ја на суво и ладно место во текот на две седмици.

Неколкупати дневно треба да се протресете теглата за да се измеша содржината. После 14 дена процедете ја течноста со добро истискување низ газа.

Потоа смесата може да се чува и на собна температура, но ако сакате може да ја чувате и во фрижидер.

Употреба: По една супена лажица на ден против патогени бактерии и зајакнување на имунитетот, најдобро на гладно, но ако имате чувствителен желудник, тогаш помеѓу оброците.

Постепено зголемувајте ја количината, до максимум 50 мл од лекот, дневно. Ако боледувате од некаква инфекција или сериозна болест, може да изедете и по една лажица, пет-шест пати во текот на денот.