Оваа билка сите ја сметаат за плевел, а само малкумина знаат колку е лековита – вонсериски лековита, се користи при проблеми со белите дробови, го лекува желудникот, ги чува црниот дроб и бубрезите!
Тегавецот го среќаваме на секој чекор, а не сме ни свесни за неговити лековити својства и колку здравствени проблеми може да ни реши.
Во народната медицина најчесто се користи тегавец и мед за лекување на желудник, бидејќи смесата се покажала дека има исклучително смирувачки и противвоспалителни својства.
Исто така, тегавецот се користи надворешно за лекување на рани и чиреви на кожа, како и за отоци и разни рани, додека лековитиот чај или сируп се користи за полесно искашлување и исфрлање на секретот, растворање на слуз, против чир на желудник, како и кај воспаление на мочен меур.
Истражувањата од поново време покажуваат дека тегавецот во комбинација со мед има силно дејство врз крвта и општо на крвотокот, како и на бубрезите и црниот дроб. Токму поради овие здравствени предности се говори дека доаѓа времето на тегавецот како лек и тоа на голема врата.
На сајтот на НМД честопати сме пишувале за оваа билка, а нашите читатели кои имаат искуство со неа ги споделија своите позитивни искуства и потврдија дека сепак, сирупот од тегавец е број еден кога станува збор за белодробни болести.
Успешно се бори со симптоми на хронична кашлица, бронхијална астма, белодробни заболувања со компликации, чир на желудник и 12-палечно црево, хемороиди, бронхитис, убоди од инсекти, иритација на кожа, вагинални инфекции, менструални проблеми, повреди и изгореници, акни и проблеми со кожата, воспаление на бешиката и инфекција на уринарните патишта.
ТЕГАВЕЦ И МЕД ЗА ЖЕЛУДНИК
За да го направите овој исклучителен природен лек, најпрво наберете го тегавецот од еколошки чист предел, добро измијте го под силен млаз ладна вода, па потоа исцедете го од водата, па ситно исечкајте го или сомелете го. Можете и да го ставите во соковник, па да го исцедите целиот сок од него.
Сирупот од тегавец со мед е особено лековит и за таа намена се користи исклучително квалитетен, домашен мед. Се става двојно повеќе мед во однос на чистиот сок од тегавец (или мелена смеса).
Добро се промешува и се чува во фрижидер, а потоа се консумира по една лажица, трипати дневно, помеѓу оброците (да не е на гладно ако страдате од желудочни проблеми).
Со користење на овој народен лек веднаш ќе почувствувате олеснување, за само неколку денови. Има својство да ја лекува и регенерира оштетената слузокожа на желудникот.
Во овој рецепт можете да додадете и чај приготвен од еднакви делови на кантарион и сладок корен, кој дополнително ќе го зголеми ефектите и ќе го забрза лекувањето.
ЧАЈ ОД ТЕГАВЕЦ ЗА БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРНИОТ ТРАКТ
Од суви листови од тегавец се приготвува чај, а од свежи се извлекува екстракт, т.е. сируп за чистење на дишните органи од натрупаната слуз, за смирување на иритацијата и помага да се одлепи и искашла секретот кој ги гуши бронхиите во нашите бели дробови.
Најдобро е да се комбинираат чајот и сирупот од тегавец за побрзо и поефикасно решавање на респираторните проблеми.