Има благ и пријатен мирис во кој ќе уживате по чистењето, за разлика од xемикалиите кои се достапни во сите продавници.
Ако ви здосади упорното миење на кадата и славините, а дамките од бигор сè уште остануваат и ве задyшува мирисот на хемикалии, пробајте го овој природен начин.
Имено, една од намирниците која е прилично запоставена и се користи само за правење сокови и зимници може да ви помогне во средувањето на домот, а можеби и подобро од средствата на кои веќе сте навикнати.
Станува збор за најобичниот лимонтус кој може да се најде пакуван во мали книжни кесички од 10 грама. Во продолжение прочитајте како најлесно и најефикасно можете да го искористите за чистење:
За блескав и сјаен мијалник, направете го следново:
Мијалникот најпрво посипете го со сода бикарбона, а одозгора посипете го со содржината од една кесичка лимонтос. Врз сето тоа исцедете сок од половина лимон. Почекајте неколку минути да се создаде реакција и да запени, па нежно исчистете со сунѓерче. Исплакнете со вода.
Лимонтусот ја чисти машината за миење садови
За да ја исчистите машината, истурете кесичка лимонтус во преградата за таблети и вклучете ја машината на стандардна програма за миење садови. Ќе се изненадите колку садовите се сјајни и колку е чиста машината.
Лимунтусот го чисти бокалот за зовривање вода
Често се случува на дното да се нафати бигор, што е невозможно да се исчисти со обичен детергент. Затоа, во бокалот сипете 1 литар ладна вода и загрејте додека да зоврие, а потоа сипете 2 кесички лимонтус во зовриената вода.
Промешајте и оставете ја водата целосно да се излади, околу еден час. После тоа, истурете ја водата и исплакнете го бокалот. Ќе биде блескаво чист.
За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „СРЕДСТВО ПОДОБРО ОД ДОМЕСТОС: ОТСТРАНУВА ДАМКИ И БИГОР – Рецепт за домашен раствор од кој бањата светнува“ – ОВДЕ.