Чистењето со правосмукалка, бришењето прашина, прозорците и сите други работи што се насобрале, понекогаш одзема многу време, но и трпение и енергија.

Притоа, колку и да мислите дека сè е во совршен ред и дека сте го исчистиле секој агол од домот, секогаш останува нешто, а тоа често се рамките на прозорите и рачките со бравите на вратите.

Иако сега е речиси незамисливо да нема ПВЦ столарија во домот, која на прв поглед е далеку помодерна и поубава од дрвената столарија, таа може да биде причина за проблеми кои создаваат главоболки.

Со ПВЦ-то, имено, сè изгледа бело, убаво и чисто, но доколку не се одржува на вистински начин, прозорците и вратите можат да изгледаат само погрдо отколку да се направени од кој било друг материјал.

Насобраната нечистотија често не може да се отстрани со вообичаени средства, па можеби е добро време да побарате поефикасни решенија, а кои најчесто ги имате в кујна.

Домаќинките кои експериментирале со природни средства за чистење нашле решение за многу проблеми во комбинацијата од оцет и сода бикарбона. Меѓутоа, кога станува збор за пластика на прозорците и вратите и кога се соочувате со пожолтени места или нечистотија и маснотии, сокот од лимон и пастата за заби може многу да помогнат.

Доколку се одлучите да користите паста за заби, доволно е да нанесете еден слој на пластичните делови, а потоа да го исполирате местото со добра крпа. По некое време, дамките треба да бидат отстранети, а потоа само треба да се исплакне со вода. Пастата за заби дава одлични резултати и за полирање на пеглата на која се појавиле дамки.

Ако сепак одлучите да ја третирате пластиката со сок од лимон, не ви треба ништо освен лимон и крпа. Неговиот сок исцедете го на пластиката каде што се насобрала нечистотија или каде што одреден дел пожолтел. Оставете го сокот да делува неколку минути, па добро истријте го со крпа.

За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Како да им ја вратите белината на пожолтените апарати во домаќинството“ – ОВДЕ.

Како да им ја вратите белината на пожолтените апарати во домаќинството