Неврофизиологот д-р Аман тврди дека кожата е огледало на мозокот, односно дека состојбата на кожата од лицето е слична со состојбата на мозокот. Тој открива многу важни 12 правила.

Доктор Данијел Амен, кој проучувал томограми на мозок на повеќе од 50 илјади пациенти, дошол до заклучок дека многу лесно може да се разбере состојбата на мозокот – само погледнете го лицето на таа личност и сè ќе ви биде јасно.

“Состојбата на кожата од лицето е слично со состојбата на мозокот”, тврди тој. А доколку сакате да изгледате најдобро што можете, мора да се фокусирате на здравјето на мозокот. Ова се основните 12 правила кои ги наведува д-р Амен:

-Кога мозокот добро спие, кожата блеска

Добриот сон подмладува. Во текот на спиењето се забрзува регенерацијата на клетките од кожата, односно мртвите се заменуваат со живи клетки. Добриот сон помага подобро од сите познати третмани и козметики против стареење. Во сон кожата се обновува и чисти од токсините наталожени преку денот. Се воспоставува рамнотежа на хормоните во телото, со што се спречуваат болести.

-Без стрес – сè е мазно

Ослободете се од стресот и ќе изгледате помладо. Со намалување на стресот во својот живот, ќе можете визуелно да се “ресетирате” за неколку години и да го успорите процесот на стареење на кожата. Кога хормоните на стресот се под контрола, кожата има помалку брчки и старечки пеги.

-Вежби за подобрување на циркулацијата на крвта

Зголемениот пулс го подобрува протокот на крвта во мозкот и кожата. Се подобрува регенерацијата на клетките, се зголемува производството на колаген, а микротраумите и раните на кожата побрзо зараснуваат. Тоа е само еден дел од позитивните ефекти на добрата циркулација на крвта.

-Ги доведува хормоните во рамнотежа

Акни, сува кожа, масна кожа, брчки, отоци и опуштеност на кожата може да бидат последица на кормонска нерамнотежа во телото. На пример, хормонот естроген го успорува процесот на стареење и и помага на кожата да ја одржи цврстината и еластичноста.

Благодарение на естрогенот, колагенските влакна меѓусебно се испреплетуваат, формирајќи еден вид мрежа која на кожата и дава еластичност и мазен изглед и спречува да се опушти.

Падот на нивоата на естрогенот со текот на годините доведува до лошо “умрежување”. Одржувајќи ја хормоналната рамнотежа во телото, ќе и помогнете на кожата да остане мека, мазна и блескава.

-Почесто водете љубов

Добриот и редовен се** го зголемува нивото на хормоните како што се естроген и дехидроепиандростерон, кои ја прават кожата мазна и цврста.

-Ограничете го кофеинот и алкохолот

За да изгледа вашата кожа меко и блескаво, одбегнувајте напитоци кои ја дехидрираат.

-Ако пушите, веднаш престанете

Ако престанете да пушите, може да поправите некои штети кои и се случиле на вашата кожа.

-Јадете храна која е здрава за вашиот мозок

Балансирана храна која содржи антиоксиданти кои се добри за мозокот, ќе ви даде и здрава кожа и ќе поттикне регенерација на сите клетки – и на кожата и на мозокот.

-Одржувајте здрава телесна тежина

Со стабилна теленса тежина кожата ќе има добар тонус и еластичност.

-Пијте доста вода

Пиењето доволно вода ја одржува водата хидрирана и тоа е најдобриот начин да се спречат брчките.

-Внимателно со УВ зраците од сонцето

Оптимално сончање е неопходно за здрава кожа за да може телото да произведе доволно витамин Д. Но, прекумерното изложување на сонце во небезбедни часови, може да доведе до предвремено стареење на кожата и старечки пеги.

-Ослободете се од “болестите на модерното време”

Хроничниот стрес, депресијата, анксиозноста и злоупотребата на штетни супстанции и ги одземаат на кожата виталноста и еластичноста. Колку поскоро се ослободите од нив, толку подобро.

Кога овие 12 правила ќе станат ваше секојдневие, мозокот ќе се доведе во ред. А кога мозокот ќе биде во ред, и кожата ќе изгледа многу подобро и многу помлади, тврди доктор Амен.