Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти – Вкусна торта со јаболка.

Мора да го пробате овој рецепт, лесно се приготвува, можат и почетници да ја направат оваа торта.

Потребни состојки:

4 јајца, 1 ванилин шеќер, 100 г шеќер, 200 мл масло, 200 мл млеко, 2 јаболка, 200 г брашно, 15 г прашок за печиво, 1 лажичка цимет, плех 20х30 см.

За глазура:

300 мл слатка павлака или млеко, 2 супени лажици какао, 1 лажичка цимет, 2 лажици шеќер.

Постапка:

Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Матете додека тие да се згуснат, а шеќерот да се растопи. Потоа, додека постојано матите со миксерот, додадете го маслото, па млекото.

Во смесата додадете две изрендани јаболка, брашното, прашокот за печиво и една лажичка цимет. Убаво со жица промешајте за да се изедначи смесата.

Плехот со димензии 20х30 см добро намастете го, па во него излејте ја смесата и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути. Печениот колач оставете го да излади, па подгответе ја глазурата.

За глазура: загрејте ја слатката павлака или млекото заедно со 2 лажици какао во прав, лажичка цимет и 2 лажици шеќер. Штом зоврие тргнете ја глазурата од оган и оставете 5 минути да одмори.

За тоа време исечете го колачот на коцки, па прелијте го со чоколадната глазура. Оставете да се олади, па послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: