I РЕЦЕПТ – Брза излеана пита со спанаќ– брза како БРЗИ ГОНЗАЛЕС. Питата е превкусна, лесно и многу брзо се приготвува, идеално се секое време, особено кога немате доволно време. Наместо спанаќ може да употребите блитва, коприва или што и да имате.

Потребни состојки: 400 г спанаќ или зелје, 4 јајца, 1 шолја (за чај или бело кафе од 250 мл) пченкарно брашно, 2 шолји пченично брашно (обично, бело), 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1-2 лажички сол или по вкус, 1 чаша кисело млеко од 180 г, 300 г ситно сирење за пита.

Постапка: Спанаќот убаво измијте го, исцедете го, па исцепкајте го или исечкајте го ситно. Ставете го во еден сад и прелијте го со зовриена вода, а може и да го обарите (како ви е полесно). Оставете малку да отстои за да омекне, па процедете го од вишокот вода.

Бидејќи питата брзо се приготвува, уште на почетокот вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во поголем сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица. Додадете масло и киселото млеко, па повторно измешајте за да се соединат состојките.

Посолете по вкус и додадете го пченкарното брашно. Промешајте со жицата за да се соедини смесата. Наместо пченкарно може да користите хељдино или некое друго по ваша желба. Додадете една шолја обично брашно, па добро промешајте за да изедначи.

Потоа додадете го сирењето, втората шолја брашно и прашокот за печиво. Спанаќот процедете го, па и него додатете го во смесата. Убаво со лажица промешајте за да се изедначат состојките. Пригответе еден класичен плех со средна величина и намастете го со масло.

Во приготвениот плех излејте ја смесата и рамномерно распоредете. Одозгора можете да наросите сусам и да ја ставите питата да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу половина час. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – Кочанска пита со спанаќ – мешаш сè, излеваш и печеш – прсти да излижеш! Оваа пита е полн погодок и како предјадење и како главно јадење, а подеднакво е вкусна и ладна и топла. Ако го сакате спанаќот, прочитајте го рецептот и применете го во вашата кујна.

Потребни состојки: околу 700 г спанаќ или повеќе, 250 г млад кромид (или обичен), 2-3 гранчиња нане, 50 г путер, 250 г фета сирење, 3 јајца, 4 лажици пченкарно брашно, 3 лажици маслиново масло, 3 лажици сончогледово масло, 1 лажичка куркума, сол, црн пипер по вкус.

Постапка: Пригответе ги сите состојки. Спанаќот, кромидот и нането ситно исечкајте ги. Во мешавината од маслиново и сончогледово масло запржете го исечканиот спанаќ за да овене. Потоа додадете го сечениот млад кромид и нането, па продолжете со динстање уште 10-15 минути.

Пред крајот посолете и зачинете со црн пипер, додадете путер и промешајте. Во подлабок сад ставете ги јајцата и фета сирењето и убаво промешајте ги. Потоа, во садот додадете го изладениот спанаќ со младото кромитче и повторно измешајте. Потоа додадете го пченкарното брашно, промешајте и додадете лажичка куркума.

Зачинете со црн пипер и по потреба додадете сол, па убаво на крај уште еднаш промешајте за да добиете изедначена, еднолична смеса. Огноотпорниот сад намастете го (или тепсијата во која ќе печете), па излејте ја приготвената смеса и рамномерно распоредете ја.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени и печете околу 45 минути, а потоа после вадењето оставете малку да излади. Исечете ја и послужете. Оваа излеана пита може да биде многу вкусно топло или ладно предјадење или да се послужи како прилог со некое печено месо. / Coolinarika.com

III РЕЦЕПТ – Брза пита со блитва, спанаќ или коприва: Се меша пченкарното брашно со состојките, се излева и пече / Фотографија и рецепт на Мирјана Вучинац. Многу здрава и вкусна пита, би требало сите да ја пробате. Едноставен и брз рецепт.

Потребни состојки: 4 јајца, малку сол, 200 мл јогурт или кисела павлака/кисело млеко, 100 мл масло, 300 г брашно (половина бело, половина пченкарно), 200 г блитва или спанаќ, 200 г ситно сирење и 1 прашок за печиво. Постапка: Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти.

Додадете масло и продолжете со матење. Потоа додадете јогурт, па промешуваме и додаваме брашно, пченкарното брашно, прашок за печиво и мешаме да се изедначи смесата. На крај го додаваме блитвата/спанаќот претходно измиено и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе.

Мешаме убаво да се изедначи и смесата ја излеваме во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење.Печеме на 180 степени околу 40 минути, во зависност од вашата рерна. Се послужува со јогурт или кисела павлака. / Фотографија и рецепт на Мирјана Вучинац