Многумина од вас веќе имале некое искуство со куркумата. Некој ја користи како зачин, но многумина го приготвуваат и златното млеко кое е иделано за зглобови и ‘рбет, а некој само ги видел овие жолти кесички во продавниците и се чудел за што служи.

Но, малкумина знаат дека куркумата во комбинација со мед е многу драгоцен и непроценлив природен лек или пак знаат за златниот мед, но не го консумираат правилно.

Овој природен лек има силно противвоспалително дејство кое не само што ги уништува бактериите кои предизвикуваат болести, туку ја поттикнуваат и природната одбрана.

За разлика од синтетичките антибиотици, со кои се преполни аптеките, овој лек нема негативни ефекти врз цревната микрофлора. Напротив, со консумирање на куркумата и медот значително се подобрува варењето и се зголемува активноста на корисната флора во цревата. За тоа сведочи и потврдува бројна научна литература.

Во традиционалната медицина ова е често користен лек против настинка. Затоа, при првите симптоми на болест веднаш пригответе си ја оваа лековита смеса наречена “Златен мед”, со мешање на куркума во прав и мед.

РЕЦЕПТ

При првите симптоми на настинка, веднаш пригответе ја смесата која ќе ја користите 3 дена. Во 100 г мед додадете 1 полна супена лажица куркума во прав, добро промешајте и складирајте во стаклен сад. За подобра апсорпција на куркумата, при секое консумирање на една лажица златен мед додадете половина лажиче кокосово или друго масло и прстофат црн пипер.

ДОЗИРАЊЕ

1 ден: на секои 2 часа по половина кафена лажичка, во текот на целиот ден.
2 ден: на секои 3 часа по половина кафена лажичка
3 ден: 3 пати дневно по половина кафена лажичка

Смесата е неопходно полека да се растопува во устата до нејзино потполно растопување. Обично, после 3 дена настинката поминува и организмот започнува да закрепнува.

Оваа смеса може да се користи и во комплексно лекување на респираторни заболувања, консумирајќи по 1 кафена лажичка 3 пати дневно во текот на цела недела. Може да се додава во топло млеко или чај.

ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ:

Ако земате било какви лекови, консултирајте се со вашиот лекар. Особено, ако патите од хемофилија и хипертонија, бидејќи куркумата ја разредува крвта и го намалува притисокот, а може и да го намали нивото на шеќер во крвта.

Исто така, не се препорачува да се консумира куркума при постоење на камен на жолчно кесе или заболување на жолчката, биде куркумата предизвикува контракција на мускулите од жолчното кесе.

СОВЕТ ПЛУС:

Ако куркумата ја користите пред оброк, таа делува на грло и бели дробови, ако ја консумирате за време на оброк – на системот за варење, а после оброк – на дебелото црево и бубрезите.