Очите се еден вид на фотоапарат, кои ги регистрираат појавите, предметите, ликовите и разните случувања околу нас. Со текот на годините, очите почнуваат почесто да се заморуваат, а при појава на старечко cлепило, чест симптом е и магловитото гледање.




Очите се замоpyваат по долго гледање во екран од блиску. Можеби на помладите тоа не им пречи, но возрасните можат да ги забележат проблемите кои се јавуваат после долгодишно седење пред екраните, кои за жал стана секојдневие во нашиот живот. Затоа се препорачува да се носат очила кои ја спречуваат сината светлина.




Постојат неколку вежби кои помагаат во лекување на старечкото cлепило, но помагаат и на оние кои се соочуваат со диоптрија. Важно е при изведување на вежбите да бидете конзистентни, дисциплинирани и да имате трпение.

I ВЕЖБА: Затворете ги очите. Држете ги очите затворени 60 секунди и ќе почувствувате олecнување на очниот капак. Оваа вежба може да ја правите во секој момент кога ќе почувствувате тeжина од очните капаци.




II ВЕЖБА: Трепкајте постојано со очите во период од 60 секунди. Трепкањето ја cтимулира циркулацијата и функцијата на очите. Вежбата може да ја прилагодите од 30-60 секунди, но најдобро е доколку ја правите подолго.




III ВЕЖБА: Гледајте во еден правец, најдобро пред вас, додека истовремено ја вртите главата во една, па во друга насока. Движењето се изведува постепено, за окото да може добро да се фокусира на она што се наоѓа пред вас. И оваа вежба се изведува 60 секунди. Погледот го фокусирате во еден правец, а главата ја вртите горе, долу, лево и десно без да го поместувате погледот.




IV ВЕЖБА: Движете ги очите налево, па надесно, без да ја вртите главата. Главата се наоѓа во статична положба. Тренирајте ги очните мускули со лево-десно гледање, 60 секунди. Започнете со постепено изведување на оваа вежба, додека се навикнете, за да не ви се слоши.




V ВЕЖБА: Со истиот временски интервал, како и претходната вежба, повторете го движењето на очите нагоре, па надолу, оставајќи ја главата во една положба.

VI ВЕЖБА: Правете кружни или квадратни движења со очите. Оваа вежба се изведува постепено и во еден правец, на пример, ако почнете да правите кружни движење налево, повторувајте ги во таа насока. Со текот на времето, зголемувајте го интервалот по неколку секунди.




VII ВЕЖБА: Доколку постојано сте изложени на гледање од блиску, како во телефоните, телевизорот и компјутерот кои ги заморуваат очите, тогаш оваа вежба треба да ја правите неколкупати во текот на денот. Гледањето од блиску во екраните предизвикува проблем на гледање на далеку.




Најдобриот начин за изведување на оваа вежба е да излезете во природа како парк или шума и да се фокусирате на нешто подалечно, приближно на 20, 30 или 40 метри. Фокусирајте го погледот на некој прозорец, дрво, куќарка или било што ќе ви го земе вниманието. Доколку немате можност да излезете во парк или шума, вежбата направете ја преку гледање преку прозорец.




Подгответе си го следниот лек за подобрување на видот и меморијата. Се прави од 5 едноставни состојки кои веројатно постојано ги имате во домот. Направете ја оваа чyдесна смеса и заострете го видот, но и помнењето. Сѐ што е потребно да направите е да ги измешате состојките, а потоа редовно да консyмирате од смесата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г ореви, еден поголем или два помали моркови, еден лимон, една лажица маслиново масло, една лажица природен мед. ПОСТАПКА: Морковот излупете го и исечете го на кругови. Од лимонот извадете ја кората и семките, па исечете го на помали парчиња. Морковите, лимонот и оревите се ставаат во блендер и се соединуваат.

Блендирајте сѐ додека да добиете мазна и еднолична смеса без поголеми остатоци од состојките. Во смесата додајте 1 лажица маслиново масло и 1 лажица природен мед, па уште малку измиксајте во блендер до целосно изедначување на состојките. Смесата се консyмира секоја вечер пред спиење, по 1 лажица, а може и две. Деталите погледнете ги ОВДЕ.