Фото и рецепт: Верица Николиќ

Потребни состојки:

550 г брашно
1 коцка свеж квасец
50 г растопен путер
250 мл јогурт
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
1 јајце
1 белка

за фил:

250 г спанаќ
250 издробено сирење
2 белки
сол по вкус

За премачкување на корите:

1 жолчка
3 лажици млеко
1 лажичка растопен путер
и уште 40 г растопен путер

Постапка:

1.Во малку загреан јогурт ставете лажичка шеќер и активирајте го квасецот. Во подлабок сад ставете брашно, па додадете сол, јајце, белка, растопен путер и активираниот квасец.

Замесете убаво тесто и оставете го покриено да се удвои. Потоа префрлете го на набрашнета работна маса и поделете го на шест делови од кои се формираат шест топчиња.

2.Фил: Спанаќот исечкајте го ситно, посолете го со лажичка сол, промешајте и оставете да отстои 10-тина минути. После тоа време, добро со рацете исцедете го. Ставете го во подлабок сад, па додете ги сирењето и белките, па со виљушка соединете.

Поделете го филот на шест делови. Земете едно топче и развлечете го во облик на правоаголник. Премачкајте го тестото со растопен путер (дел од тие 40 г) и на средината ставете фил.

3.Филуваното тесто свиткајте го во ролат.

4.Ролатот пресечете го на половина, надолжно (по должина) и сплетете го потоа во плетенка.

5.Плетенката ставете ја во плех, преку хартијата за печење. На ист начин постапете со останатите пет плетенки. Оставете ги плетенките да отстојат додека да ја удвојат својата величина.

6.Потоа премачкајте ги со мешавина од жолчка, млеко и растопен путер, па ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени.

7.Печените плетенки извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат околу 15 – тина минути (ако можете да издржите).

8.Плетенките послужете ги со јогурт. Многу се вкусни.

Фото и рецепт: Верица Николиќ