Home посни колачи Колачи со пиво и кикирики, превкусни и ровки – се мери со...

Колачи со пиво и кикирики, превкусни и ровки – се мери со чаша

Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ

Полна чинија колачиња! Па кога вашиот сопруг ќе ги проба – нема да се лути што сте му го зеле пивото : )

Потребни состојки:

1 чаша пиво (200 мл)
1 чаша шеќер (200 мл)
1 чаша масло (150 мл)
1 прашок за печиво
околу 3 чаши брашно
2 ванилин шеќер
100 г кикирики (мелен или ситно сечкан по желба)
за наросување: шеќер во прав

Постапка:

Пивото заедно со шеќерот и ванилата ставете ги во тенџере на оган да зовријат, па тргнете на страна.

Кога ќе излади пивото, додадете масло, кикирики и брашно помешано со прашок за печиво, во неколку наврати (не го истурајте одеднаш целото брашно) и мешајте, па месете за да добиете средно меко тесто.

Од добиеното тесто правете топчиња со величина на орев, па редете ги во плех обложен со хартија за печење.

<

Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога се печени и додека се топли валкајте ги во шеќер во прав.

Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ