Рецепт и видео прилог на Бокина Кујна – Плазма торта за 15 минути.

Уште еден брз и едноставен рецепт кој на сите им се допадна. Едноставен е за приготвување, а за негово приготвување потребни се само 5 состојки.

Потребни состојки:

600 г мелена плазма (или кекси по избор)
350 – 400 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
350 – 400 г путер или маргарин
350 – 400 мл сок од портокал
100 г мелени ореви или лешници
за глазура: 100 г чоколадо или шлаг

Постапка:

Путерот оставете го да омекне на собна температура, а потоа пенасто изматете го заедно со 100 г шеќер во прав. Потоа оставете го на страна. Во еден длабок сад ставете 600 г мелена плазма, и околу 250-300 г шеќер во прав, во зависнот од тоа колку сакате колачот да ви биде сладок.

Во смесата додадете и една кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви или печени, па сечкани лешници и малку промешајте ги сувите состојки со шпатула или лажица. Во мешавината од кексити најпрво додадете околу 350 мл сок од портокал, па промешајте убаво за да се соединат состојките, па оценете дали треба да се додаде уште малку сок.

Смесата треба да ровка. Потоа додадете го изматениот путер и изматете со миксер за убаво да се соединат состојките. Смесата треба да биде мека и мазна, но цврста, да не паѓа од лажицата, Долгнавест, правоаголен калап обложете го со проѕирна фолија, па во него рамномерно распоредете ја смесата (лажицата натопувајте ја со ладна вода за да не ви лепи).

Одозгора израмнете и колачот оставете го фрижидер да излади на неколку часови или околу еден час во замрзнувач. Декорирајте со чоколаден прелив или со шлаг по желба. Деталите погледнете ги во видеото: