Многу убава торта со неверојатен вкус која се приготвува од само 5 состојки за 5 минути. Многу брза и едноставна постапка на приготвување, а вкусот ќе ве освои после првиот залак. Особено ќе им се допадне на љубителите на кафето, а за сите останати, нескафето можат да го заменат со некој друг вкус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл слатка павлака за шлаг, 180 г мелени кекси (може мелена плазма или некои бисквити по ваш избор), 1 супена лажица крем сирење, 100 г чоколадо за готвење (може и млечно или некое по ваш избор, колку поквалитетно толку подобро), 1 нескафе и малку мелени ореви за декорација




ПОСТАПКА: Во еден сад пенасто изматете 200 мл слатка павлака додека да добиете цврст шлаг. Потоа додајте 180 г мелени бисквити/плазма, па промешајте со лажица додека убаво да се изедначи смесата.




Добиената смеса распоредете ја дното од калап за торти со флексибилен обрач (пречнок 20 см), претходно обложен со хартија за печење или проѕирна фолија. Откако ќе ја распоредите смесата, со лажицата израмнете ја површината.




Повторно изматете 200 мл слатка павлака, па кога ќе се згусне додајте една полна супена лажица крем сирење или цврст (грчки) јогурт, а може и кисела павлака (по вкус). Продолжете со матење уште кратко време додека да добиете фин крем.




Во овој крем изрендајте 100 г чоколадо по ваш вкус и промешајте го. на тој начин ќе го добиете страчатела кремот. Распоредете го рамномерно врз подлогата, израмнете и малку протресете го калапот.




Во преостанатите 100 мл слатка павлака додајте една мала кесичка инстант нескафе (може и капучино или некој друг вкус), па пенасто изматете додека да добиете шлаг.




Шлагот со вкус на кафе распоредете врз страчатела кремот, па израмнете. одозгора наросете мелени или ситно сечкани ореви (може и лешници или бадеми или рендано чоколадо), па ставете 20 минути во замрзнувач, по што можете тортата да ја сечете и послужите.