Рецепт на Гурман ТВ. Ќофтe или полнети плескавици, името не е важно бидејќи овој ручек ќе ги надмине сите ваши очекувања, како што ги надмина и нашите. Крајниот резултат пријатно ќе ве изненади бидејќи ќе добиете ручек како да бил подготвен како во некој врвен ресторан.




Рецепти за кофтиња има толку многу, а секоја домаќинка си има свој начин на подготвување. Некои додаваат леб во меленото месо, некои ориз, а ние ќе ви пренесеме еден рецепт кој е малку поинаков од останатите, а сепак многу едноставен и брз, и што е најважно, многу вкусен.




За неколку минути ќе имате вкусен ручек на трпеза, а сите ќе ви побараат репете. Вака подготвените ќофтиња мирисаат неодоливо и ќе ве потсетат на детството. Најдобро е да се послужат со кремасто пире од компири, иако можете да ги сервирате со варен ориз или динстан разновиден зеленчук.




Одберете мелено месо за ќофтиња по сопствен вкус, можете да користите чисто говедско месо, мешано мелено со телешко или свинско или мелено мисиркино/пилешко. Потребни состојки: 700 г мелено месо, 1 јајце, 10 г сол, прстофат црн пипер, 2 главици кромид, 3 компири, 3 варени јајца, 30 г кајмак, 150 г моцарела.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го месото и додајте го јајцето. Зачинете со сол, прстофат црн пипер и измешајте сè заедно. Месото поделете го на 6 приближно еднакви делови и од секој дел формирајте плескавица/ќофте со средна дебелина.




Распоредете ги плескавиците во огноотпорен сад, претходно малку намастен и оставете простор меѓу нив, за да не се залепат при печење. Потоа двете главици кромид излупете ги и исечкајте ги колку можете поситно, па ставете ги да се пропржат во тавче со загреано масло.




Кромидот при динстањето не треба да карамелизира, туку само малку да потемни, колку да омекне, па затоа гответе го на умерена температура. Компирите измијте ги добро, излупете ги и потоа изрендајте ги на ренде.




Сварете три јајца, а потоа и нив изрендајте ги кога ќе се оладат. Во ренданите јајца додајте го кајмакот и измешајте. Пропржениот кромид распоредете го врз плескавиците, а потоа истото повторете го и со ренданиот компир.




Потоа распоредете ја смесата од варени јајца и кајмак и на крај наросете рендана моцарела или некој друг кашкавал по ваш избор. Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу половина час.




По изминатото време, отстранете ја фолијата и вратете го јадењето во топлата рерна да се допече на истата температура уште 10-тина минути додека кашкавалот да се растопи и да фати коричка.




Ручекот е многу обилен и заситен, а како гарнир може да додадете ориз или само салата, бидејќи компир веќе има во месото. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.