Пита со вишни и гриз – пробајте па ќе видите, нема да зажалите!

Потребни состојки:

За кора: кори за пита + вишни без семка

За филот од гриз (мерка за шолја – оние чашки од јогурт):

Loading...

2-3 јајца

2 течни јогурти

1 ½ шолја шеќер

2 ванилин шеќер

½ шолја масло

½ прашок за печиво

1 ½ шолја гриз

Постапка:

1.Јајцата добро изматете ги со шеќер и ванилин шеќер. Додадете јогурт, масло, гриз и прашок за печиво. Измешајте и оставете да отстои околу половина час за да може гризот убаво да ја впие течноста.

2.Првата кора намачкајте ја со смесата од гриз, па ставете ја втората кора која исто така треба да се премачка со смесата. Се става третата кора врз која се распоредуваат вишните. Убаво се свиткува и се реди во намастен плех за печење.

3.Постапката ја повторуваме се додека да ги потрошиме сите кори. Со вишокот кој ќе остане од смесата, едноставно ја прелеваме питата одозгора.

4.Ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени околу 40 минути.

5.оставете да излади па послужете со изматена слатка пазлака или шлаг. Наместо вишни можете да користете било кое друго овошје, на пример капини, малини, шумско овошје… или рендани јаболка.

Loading...