Лесна пита, брзо се приготвува и многу е вкусна.

Потребни состојки: 1 тиквица од 200 г, малку сол, 2 јајца, 150 г кисела павлака, 150 г рендано сирење, 3 лажици пченичен гриз, 500 г готово лиснато тесто, 1 жолчка за премачкување и 100 г кашкавал за засеците на питата

Постапка: тиквичката измијте ја и излупете ја, а потоа изрендајте ја на крупната страна од рендето. Посолете и оставете 10-тина минути да го испушти сокот. Потоа со стискање меѓу дланките исцедете ја убаво ренданата тиквичка.

Додајте две јајца, 150 г кисела павлака, 150 г рендано сирење, 3 супени лажици пченичен гриз, па убаво промешајте да се изедначат состојките.

На малку набрашнета работна површина отворете го готовото лиснато тесто (500 г). Малку набрашнете го одозгора и со помош на оклагија развлечете го во тенка правоаголна кора, а потоа пресечете го на два дела. Секој дел треба да биде со величина на плехот од рерна во кој ќе се пече питата.

Едната кора ставете ја во плехот обложен со хартија, а краевите малку нека излегуваат, па рамномерно распоредете го филот и израмнете, па одозгора ставете ја втората кора. Од краевите на долната кора направете витки за да се затвори горната кора.

Одозгора премачкајте со една жолчка од јајце и со остар нож засечете ја дијагонално, на баклави или коцки. На засеците ставајте долгнавести ленти кашкавал.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: