Чајот од пиреј најдобро ги чисти крвните садови од наслаги и отрови

Пирејот е повеќегодишно жилаво растение, високо до 1 метар со долги тенки и плоснати листови со зелена боја, а цветовите се сместени во класови.

Коренот е долг и тоа е најлековитиот дел од растението. Оваа билка расте како плевел по нивите и ливадите и е многу тешка за отстранување бидејќи ризомите се преплетуваат со корените на другите растенија.

Во народната медицина пирејот се користи како лек за бронхит, астма, туберкулоза, грип и сл. Се користи при реума гихт, болести на мочниот меур, воспалителни заболувања на бубрезите, особено за исфрлање на ситни камчиња и песок од нив.

Пирејот е најраспространета лековита билка (Agropyron repens), која расте насекаде околу нас, а лековити својства имаат коренот и надземниот дел.

Содржи минерали и соли на јаболкова киселина, аскорбинска киселина, каротин, белковини, јаглеводороди и сè друго што поттикнува детоксикација на крвта и јакнење на нервниот систем.

Се користи за лекување на ревматизам и гихт, заболувања на уринарните патишта, жолчни канали, црн дроб, слезина, желудник и црева, а исто така и кај белодробни болести, па помага дури и кај туберколоза.

За прочистување на крвните садови од масти, 40 денови наместо вода добро е да се пие чај од корен од пиреј кој претходно треба да се исуши и сомеле.

Чајот се приготвува на следниот начин: Во еден литар вода се ставаат три лажици сомелен корен и полека се вари додека да испари половина од течноста.

Се пие трипати дневно по една шолјичка за прочистување на крвта. Може напоредно да се користи и чај од коприва.

Копривата исто така се користи за прочистување на крвта, но и за нејзино зајакнување, бидејќи содржи 4 пати повеќе железо отколку спанаќот, а не содржи оксална киселина.

Loading...